Хипотезата за астрономски причини за ненадејното исчезнување на диносаурусите пред 65 милиони години е базирана главно врз геолошки наоди, кои според палеонтолозите, не се "доволно убедливи", па таа не станала општо прифатена теорија. Но, во најново време, група астрофизичари излезе со многу силни астрономски аргументи, кои освен што ја поткрепиле таа хипотеза, го демаскирале и астероидот "убиец" на диносаурусите.