Емитер 12/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Постојаното намалување на цените на технологиите за безжична комуникација, како и на сензорите и уредите за процесирање, доведе до појавување на нова генерација паметни системи кои максимално ја искористувааат моќта на работењето во "заедница". Ниската цена овозможи комбинирање на овие технологии во уреди со мали димензии, па започнаа да се имплементираат системи со користење на десетици, па дури и неколку илјади вакви уреди. Со вградувањето на истите во самоорганизирачки мрежи кои им овозможуваат да функционираат како еден хомоген уред, започна конструирањето на еден нов вид ИКТ-системи познати како безжични сензорски мрежи.
Предвидувањата и очекувањата се дека безжичните сензорски мрежи (БСМ) ќе имаат големо влијание врз сите аспекти на начинот на живеење денес, притоа носејќи широк спектар на подобрување на технологиите во кои сега се применуваат, како што се системите за надгледување, медицинските апликации, воените системи и слично. Потенцијалот кој го имаат безжичните сензорски мрежи, претставува и своевидна гаранција дека примената на нивната технологија ќе се прошири и ќе навлезе и во други области, како што се: автомобилската индустрија, земјоделството, транспортот, управувањето со енергетските системи или секаде каде што има потреба од дистрибуирано мерење и контрола на голем број параметри.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.