Емитер 2/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Од неодамна најновата, петта верзија на можеби најпопуларната програма за онлине конверзации (или по "нашки" – "чатување") е достапна за преземање и инсталирање. Со нов, поедноставен и среден интерфејс, видеоконференција и интеграција со Facebook нескромно се наметнува како примарно решение кое ќе ги обедини најкористените онлине опции на едно место. Со право? По сä изгледа – да!
Ако добро не држи сеќавањето, другарувањето со Skype започна некаде во втората половина на 2004 година. Едноставноста на апликацијата и лесното користење за кусо време го направија една од најкористените апликации за online конверзација. Доработките, проширувањата, оптимизациите и сето останато само ја поткрепуваа популарноста така што Skype денеска е неизоставен дел од софтверската армада на домашните (и на службените – пссст!!) компјутери.
По сè изгледа дека така и ќе остане уште подолго време. Енормната популарност на Facebook очигледно имаше влијание кај авторите на Skype. Петтата верзија донесува интеграција на оваа ултрапопуларна социјална мрежа, што е првата значајна новост, и воопшто не се сомневаме дека ќе биде општоприфатена.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.