Рубрика: Информатика
Интерактивна табла Promethean Activeboard
Автор: Костадин Солаков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Модернизацијата со големи чекори навлегува во образованието, па по "неодамнешната" замена на класичното ѕвонче со електронско, на повидок е истата судбина да ја доживее и можеби главниот школски симбол, зелената табла. Обиди за пронаоѓање алтернативно решение за групна презентација на информации пред учениците, секако, има многу, но ниту еден не овозможува интеракација до тој степен како што тоа го прават активните табли. Комбинацијата на слика репродуцирана од проектор и табла за пишување е технологија која одлично се има вклопено во модерните образовни процеси ширум светот, па најверојатно прашање на време е кога може да очекуваме активно вклучување на овие табли и во нашите училишта.

Домашната компанија Неоком, уште на Инфоком 2006 година, на македонскиот пазар ја претстави првата интерактивна табла, која овозможуваше пишување и цртање по платното, врз сликата репродуцирана од проектор. Самата технологија уште тогаш предизвика голем интерес, но, пред сè поради високата цена и ограничената целна група, производот не успеа да се пробие на нашиот пазар. По две години технологијата е горе-долу иста, но производот е друг, комплетниот пакет далеку побогат, а можеби и најважното - цената е многу поприфатлива. Имено, станува збор за производите на британската компанија Прометеан (Promethean), поточно за линијата интерактивни табли Promethean Activeboard, кои веќе се имплементирани на македонско тло, во Факултетот за информатика во Штип, Правниот факултет, Универзитетот МИТ и Факултетот за бизнис-економија во Скопје.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.