Емитер 12/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Нобеловите награди за 2008 година им се доделени на 12 научници и активисти. Најпрестижните награди (за физика, хемија и медицина) оваа година се поделени меѓу повеќе добитници, а слично како и минатата, така и оваа година изборот на лауреатот за Нобелова награда за мир повторно побуди реакции. Бројот на Нобеловите лауреати од оваа година изнесува 809.
НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА Јоичиро Намбу (Yoichiro Nambu), роден 1921 година, САД ја доби Нобеловата награда за "Откривање на механизмот на спонтано прекршена симетрија на субатомско ниво". Макото Кобајаши (Makoto Kobayashi), роден 1944 година, Јапонија и Тошихиде Маскава (Toshihide Maskawa), роден 1940 година, Јапонија ја добија Нобеловата наградата за "Откривање на потеклото на прекршената симетрија, со што се предвидува постоењето на барем три групи кваркови во природата".
НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА Осаму Шимомура (Osamu Shimomura), роден 1928 година, САД; Мартин Чалфи (Martin Chalfie), роден 1947 година, САД и Роџер Чен (Roger Y. Tsien), роден 1952 година, САД добија Нобелова награда за "Откривање и развој на зелениот флуоресцентен протеин (GFP)".
НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА Харалд зуа Хаусен (Harald zur Hausen), роден 1936 година, Германија ја доби Нобеловата награда за откритието дека "Хуман папилома вирусот е предизвикувач на ракот на грлото на матката". Франсоа Бари Синуси (Françoise Barré-Sinoussi), родена 1947 година, Франција и Лук Монтање (Luc Montagnier), роден 1932 година, Франција ја добија Нобеловата награда за "Откривање на ХИВ-вирусот". Нобелова награда за економија Пол Кругман (Paul Krugman), роден 1953 година, САД. Наградата му се доделува за… "Неговата анализа на пазарните трендови и лоцирањето на економските активности". Нобелова награда за литература Жан-Мари Густав ле Клезио (Jean-Marie Gustave Le Clézio), роден 1940 година, Франција, ..."Автор на нови патувања, поетски авантури и сенсуални екстази, истражувач на човештвото надвор од доменот на цивилизацијата". Нобелова награда за мир Марти Ахтисари (Martti Ahtisaari), роден 1937 година, Финска, Наградата му се доделува за… "Неговите напори во решавање на меѓународни конфликти на неколку континенти во изминативе три децении".
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.