Наградната игра на најголемиот трговски бренд за продажба на бела техника во Македонија која траеше два месеци низ сите салони во државата, во која директно учествуваа купувачите кои изминатиот период им се доделуваа купони при пазарење на производите од деветте најзастапени брендови во Техномаркет, заврши.
“Идејата за една деценија постоење беше заедно со нашите пријатели да ги наградиме нашите верни купувачи и да придонесеме кон пофункционални домаќинства и дом. Денес, десет години по отворањето на првиот Техномаркет во Скопје, ни претставува особено задоволство кога гледаме дека македонските потрошувачи знаат дека кај нас може да најдат вистински квалитет по пристапни цени.“ - изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер од Техномаркет.
Освен награден фонд од 100 производи од асортиманот на трговскиот бренд, се додели и главна награда – автомобил Рено Твинго што го доби Лидија Шибакоска од Охрид.
“Моментот кога ми соопштија дека токму јас сум среќниот добитник на автомобилот беше неверојатен. Навистина сум пресреќна што јас сум дел од обележувањето на 10 годишнината на Техномаркет и им благодарам за наградата. Им посакувам на Техномаркет уште многу јубилеи и уште многу купувачи во годините што следат.“ – изјави среќната добитничка.
Во продажните салони на Техномаркет цела една деценија купувачите можат да најдат производи од познатите брендови Samsung, Philips, Sony, Panasonic, Electrolux, Zanussi, AEG, NEO, Daewoo, Indesit, Hotpoint Ariston, Rowenta, Tefal, Moulinex, Krups и многу други.
„Определбата на Техномаркет се базира на унапредување и подобрување на целокупниот квалитет на животот на поединците, семејствата, институциите и организациите во поширокото окружување во кое дејствуваме преку поддршка на проекти од хуманитарен карактер и од областа на културата, спортот, науката, образованието и заштитата на човековата околина, децата и младите,“ - додаде Ристовска од Техномаркет.
Брендот Техномаркет од 2003 година па се до денес успешно делува на македонскиот пазар со пласман на производи кои се иновативни, квалитетни и со пристапни цени.