Уводник

Почитувани читатели,
Задоволни сме што примаме се повеќе телефонски повици и писма со поддршка и предлози за натамошен квалитативен напредок на списанието "ЕМИТЕР". Поголемиот дел од вашите предлози се на линија на размислувањата на редакцијата и во план е нивно постепено воведување, се разбира кога за тоа ќе се створат неопходните услови.


Аудио и видеотехника

Од 26.8 до 3.9.'95 во саемските хали под радио кулата во Берлин се одржа изложбата на опрема за комуникации. Тука можеше да се види електрониката за забава од големите сали го наоѓа својот пат кон домовите, кон широките потрошувачки маси, кон ...


Аудио и видеотехника

Технологијата евоулира со зголемена брзина. Интересот за новото се повеќе станува краток процес и се побрзо се напушта она што вчера било ново и напредно. Земајќи го предвид овој факт, TC компанија во доменот на студиска електроника ги усоврши AD-DA и DSP секциите на нивниот производ M5000, така што подобрувањето на перформансот на овој sound процесор станува хардверски лесно изводлива работа со одлични резултати.


Аудио и видеотехника

Во последните неколку години сведоци сме на инвазија на нови носачи на звук, нови, повеќе или помалку, успешни формати, сите со амбиција да станат нови масовни стандарди. Најинтересни од нив се рекордерите кои користат магнетна лента. Затоа во овој текст ја опфаќаме оваа област, најпривлечна за домашна употреба. Во конкуренција ќе се најдат DAT, DCC и класичниот дек.


Електроника

Честопати при работа со лаборатиските извори за напојување доаѓа до појава на куса врска или до нивно несакано преголемо оптоварување. Ваквите појави можат да му наштетат како на потрошувачот така и на самиот извор за напојување. За да се спречат последиците од овие појави потребно е да се има осигурувач на склопот кој се напојува.


Електроника

NiCD батериите денес се повеќе се употребуваат поради можноста откако ќе се испразнат повторно да се наполнат и до 1000 пати. Со помош на итегрираното коло LM317 релативно лесно можете да направите едноставен и евтин полнач на NiCD батерии.


Електроника

Ова е еден едноставен склоп за добивање симетричен напон од несиметричен. Овој уред може да се искористи за напојување на безжични микрофони, гитарски преносни ефекти и предзасилувачи, мали аудио миксети и сите оние други уреди кои треба да се напојуваат со симетричен и добро испеглан напон со вредност од ±4,5V.


Електроника

Идејата за добар коректор на бојата на тонот се јави како дополнување на написот за моќниот нф засилувач од првиот број, па читателите кои го изградиле овој проект со ова можат да добијат добар засилувач со одлична физиолошка корекција на бојата на тонот.


Електроника

Благодарение на врвните достигнувања во електрониката, високата технологија на изработка на линеарни интегрирани кола за одредена намена, со минијатурни димензии, а притоа со големи можности и релативно ниска цена, денес имаме можност да си го дозволиме задоволството со малку ангажирање, со мали познавања од електрониката и мали трошоци да имаме Booster засилувач, кој е приклучен на автокасетофонот во нашиот автомобил, ќе ги надмине нашите очекувања и ќе не воодушеви со моќноста, квалитетот и


Електроника

При проверка на функционирањето на колата на некој дигитален систем, еден од основните инструменти е и логичката сонда со чија помош можат да се проверуваат логичките нивоа на одделни точки од дигиталните кола. Во овој напис е прикажана едноставна и евтина логичка сонда која дава светлосна индикација за состојбата на одделни точки, пред се кај уредите со CMOS интегрирани кола.


Електроника

Во оваа прилика, ќе се запознаеме со интегрираното коло UAA180 како драјвер за светлечки диоди и една негова практична примена како индикатор за јачина на излезниот сигнал од домашните аудио-уреди.


Електроника

Во првиот број на списаниево во текстот "D/A конвертор" беше прикажана една реализација на популарниот додаток за персоналните компјутери со кој може да се добие навистина квалитетен звук по многу ниска цена. Меѓутоа, при практичната реализација се појавува проблемот за набавка на квалитетни метал-слојни отпорници со мала толеранција кои се неопходни за изработка на конверторот.


Електроника

µA723 е еден од првите напонски стабилизатори (Н.С.) кои се појавиле на пазарот произведен од Fairchild Semiconducator. Истото коло го произведуваат речиси сите светски производители кои користат различни ознаки меѓу кои LM723, MC1723, L123, RC723, SG72, ULN2723 и др. Иако ова коло е меѓу првите Н.С. и денес често се користи благодарение на неговата флексибилност во поглед на примената и добрите технички карактеристики. Некои од нив и до денес останале ненадминати.


Електроника

Со целиот уред управува познатото интегрирано коло 555. Интегрираното коло NE555 е предвидено за генерирање и обработка на временски променливи напони и импулси па затоа се нарекува и IC-тајмер.
Тајмерот е уред кој има можност да вклучува или исклучува уред после одредено време. Дали ќе врши вклучување или исклучување, ќе зависи од употребените контакти од релето.


Телекомуникации

Сега можеме да го посветиме вниманието на класификацијата на оние ласери кои најмногу се користат во оптичкиот пренос на информации (ОПИ) и оптичкото процесирање на сигналите (ОПС). За да се изврши класификацијата во било која смисла, потребно е претходно да се усвои критериум според кој се извршува соодветната класификација.


Телекомуникации

Во последно време со развитокот во електрониката, радиостаниците се изработуваат во се помали димензии, а од друга страна пак располагаат со се поголем број на функции. Прекрасен пример за оваа нова генерација на радиостаници се радиостаниците на компанијата ICOM.