Рубрика: Аудио и видеотехника
Три Audio tape стандарди
Автор: Александар Илијевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во последните неколку години сведоци сме на инвазија на нови носачи на звук, нови, повеќе или помалку, успешни формати, сите со амбиција да станат нови масовни стандарди. Најинтересни од нив се рекордерите кои користат магнетна лента. Затоа во овој текст ја опфаќаме оваа област, најпривлечна за домашна употреба. Во конкуренција ќе се најдат DAT, DCC и класичниот дек.

За целите на овој осврт касетата е претставена со Pioneer CT-S830S, DAT-от со Sony DTC-60ES и DCC Philips-овиот DCC951. Сите три рекордера во принцип се тестирани како машини со аналоген влез/излез, иако мора да се признае дека овој облик брзо ќе стане помалку вообичаен бидејќи дигиталното снимање и репродукција е веќе во широка употреба. Всушност, DDC декот во прв ред е наменет да биде дигитален рекордер, а искрено кажано, снимањето со аналоген влез на оваа машина не е многу погодно. Сите три машини се добри, современи и репрезентативни примероци на нивните типови.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.