Рубрика: Аудио и видеотехника
IFA '95 - Премногу значајно за да се пропушти
Автор: Коста Карпузовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од 26.8 до 3.9.'95 во саемските хали под радио кулата во Берлин се одржа изложбата на опрема за комуникации. Тука можеше да се види електрониката за забава од големите сали го наоѓа својот пат кон домовите, кон широките потрошувачки маси, кон ...

Годинава преку 700 изложувачи од околу 30 земји се претставија на огромниот простор на берлинскиот саем, кој со својата смирена грандиозност пречекуваше и испраќаше сите они кои дојдоа да видат што нудат произведувачите на електроника од целиот свет. На саемот можеа да се видат оние чие име значи нешто во светот на електрониката за забава, комуникации, размена на информации ...
Можеа да се видат SONY, PHILIPS или GRUNDIG во полн сјај, презентирани на огромни простори, специјално опремени да го свртат вниманието на посетителите кон илјадниците нови производи веќе достапни во продавниците или за првпат презентирани тука, на IFA '95. Се разбира тука можеше и да се видат и помалите, но импресивни, штандови на BLAUPUNKT, SABA, NORDMENDE или SHARPпа се до малите штандови на производителите од Тајван, Кина или Кореа кои го бараа своето место на големиот европски пазар, бидејќи токму тука на најголемиот саем за применета електроника, според зборовите на организаторот, се склопуваат и најголемите зделки.
Но, да проследиме што се случуваше на IFA '95 преку следниве подтеми:
Телевизијата во ново светло
High-Tech видеотехнологиите на дланка;
Се преку сателит;
Автомобилот како центар на вниманието;
Нешто за во џеб;
Ало, мило ми е што повторно те гледам...

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина