Рубрика: Електроника
Проект: Електронски осигурувач
Автор: Милчо Узунов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Честопати при работа со лаборатиските извори за напојување доаѓа до појава на куса врска или до нивно несакано преголемо оптоварување. Ваквите појави можат да му наштетат како на потрошувачот така и на самиот извор за напојување. За да се спречат последиците од овие појави потребно е да се има осигурувач на склопот кој се напојува. Во тој случај, доколку нешто не е во ред со склопот, ќе дојде до прегорување на осигурувачот, што е знак дека склопот кој се напојува од лабораторискиот извор треба да се провери. Меѓутоа, некои склопови кои се сè уште во развојна фаза го немаат осигурувачот за напојување, но и доколку го имаат, не е практично тој неколку пати да се менува, во текот на неговиот развој.

Една опција за да се избегнат овие компликации е да се користи лабораториски извор со вградена регулација на ограничувањето на излезната струја. Со ова, при вклучување на склопот, ќе се нагоди максималната вредност на дозволената струја (проценета од инструкторот) при која сигурно нема да се оштети склопот, доколку има грешка во себе. Меѓутоа, лабораториските извори со вакви можности се прилично скапи да се купат.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.