Емитер 3/1995.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Почитувани читатели,
Задоволни сме што примаме се повеќе телефонски повици и писма со поддршка и предлози за натамошен квалитативен напредок на списанието "ЕМИТЕР". Поголемиот дел од вашите предлози се на линија на размислувањата на редакцијата и во план е нивно постепено воведување, се разбира кога за тоа ќе се створат неопходните услови.
Веќе во овој број реализираме една наша и ваша заедничка идеја во – "ЕМИТЕР" да има повеќе шеми, проекти и апликации. Со ваквата концепција ќе продолжиме и понатаму но не отстапувајќи од зацртаните правила за вакви написи: интересна идеја, квалитетен текст и најважното – сигурна и проверена шема.
Особено не радува што освен пофалби, критики и предлози добиваме и неколку понуди на нашиот повик за соработници, така што веќе во овој број како нови соработници се вклучени и Дејан Рајчановски, Радомир Макаровски и Петар Аврамовски.
"Конкурсот" за нови соработници и понатаму е отворен исто како и "конкурсот" за креирање на концепцијата на списанието.
Ве очекуваме.
Главен уредник,
Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.