Електроника

Ако сакате да го поврзете вашиот персонален компјутер на вашето куќно кино, изградете VGA to VIDEO конвертор. Уредот е погоден за гледање на филмови, вршење на видеопрезентации, реклами и други видеоманифестации од компјутер кој не поседува излез за видеокомпозитен сигнал. Конверзијата е стабилна, со висока резолуција и висок квалитет на сликата во однос на светлината, контрастот и заситеноста на боите.


Автомобилска техника

Ако подобро погледнеме во сегашноста и фрлиме поглед во блиската иднина ќе забележиме дека електро-автомобилите веќе се реалност, а иднината на автомобилскиот превоз во градовите сигурно е резервирана за нив. Најдобро е навреме да ги запознаеме за да можеме да изградиме пријателски однос. Токму електричните автомобили се тема на овај серијал од четири продолженија.


Аудио и видеотехника

Приказната за Стаби, словенечкиот грамофон кои ги обиколи сите светски салони на аудиотехника, е приказна која секој иноватор сака да му ја асоцира на својот производ. Роден во скромна средина, да не кажам гаража, со иноваторски решенија во областа на механиката кои не ретко ја надминуваат извонредноста, овој грамофон речиси моментално ги зароби срцата на најпробирливите аудиофили.


Електроника

За правилна работа на бензискиот мотор не е потребна само квалитетна искра, туку и "искра во прав момент". Додека квалитетот на искрата е предодреден од високонапонскиот и дистрибутивниот систем на палењето (платина, кондензатор, бобина, разведувач на палењето, свеќички), појавата на искра во право време зависи од правилно нагодениот агол на претпалење.


Информатика

Изненадувачки брзо, но и не толку неочекувано, Microsoft после пуштените гласини за новиот оперативен систем, навистина и го понуди на пошироката јавност својот новитет. Со неинвентивно име, но по некаков логичен ред на работите, следниот оперативен систем на Microsoft е наречен Windows 8, што би требало веројатно да асоцира на континуитет со неговиот претходник и сè уште актуелниот Windows 7. По мојот стар добар обичај кога се во прашање нови софтверски решенија, морав да видам што е тоа што гигантот од Редмонд овој пат ни го нуди. Во текстот што следи, ќе прочитате со што се сретнав и кои се моите скромни впечатоци.


Астрономија и астронаутика

Во 1983 година, Советскиот Сојуз лансирал орбитален телескоп за набљудување во ултравиолетовиот дел на спектарот наречен Астрон. Понатаму, Советскиот Сојуз имал намера да лансира три орбитални телескопи кои требало да вршат набљудувања преку целиот електромагнетен спектар. И додека американските орбитални телескопи од кои најпознат е Хабловиот телескоп се лансирани од 1990 до 2003 година, првиот руски орбитален радиотелескоп Спектр Р, познат и како Радиоастрон, е лансиран оваа година.


Аудио и видеотехника

Звукот на вашиот hi-fi систем може многу да се подобри со правилно позиционирање на звучниците во вашата соба. Постојат два начина: макотрпен и неизвесен – со слушање, или брз и прецизен – со мерења.


Астрономија и астронаутика

Неодамна се појави информација дека еден американски астроном, Stacy McGaugh, идентификувал 47 галаксии, кои не се вклопуваат во стандардниот модел за универзумот конципиран според Ајнштајновите равенки формулирани во неговата "Општа теорија за релативитетот"!


Информатика

Доколку имате познавање за HTML и веќе знаете да ги вметнувате различните формати на содржина на вашата web-страница, JavaScript е одличен избор на скриптен јазик со кој можете да ја унапредите комуникацијата со корисникот. Следете ги нашите написи и со секое продолжение откривајте по нешто за JavaScript-от. Тука, освен теоретскиот дел ќе најдете и готови, интересни и објаснети кодови со кои можете да ја започнете вашата успешна кариера како дизајнер на web-страници.


Архитектура и градежништво

Комплетно елиминирање на топлинските мостови не е можно бидејќи не постои зграда без топлински мостови. Но, намалувањето на нивното негативно влијание особено е значајно кај нискоенергетските и пасивните згради. Основна мерка за постигнување на оваа цел е непрекината, континуирана топлинска изолација на надворешната обвивка на зградата и, секако, задоволителна дебелина на изолацискиот материјал.


Информатика

Доколку го следевте серијалот од почеток и упорно работевте на примена на советите дадени во него, сигурно ја усовршивте работата во CorelDraw и веќе посакувате во некои од вашите "ремек-дела" да внесете некој текст или слика направени со друга програма или направениот цртеж од CorelDraw да го префрлите во друг документ и друга програма. Во ова продолжение ќе ви покажеме како да го направите токму тоа. Потоа ќе ви покажеме како да создадете албум со објектите кои имате потреба повеќекратно да ги користите во различни цртежи, а на крај ќе ве запознаеме со опциите кои се нудат при работа со битмапирани содржини.


Автомобилска техника

Водородот како гориво за автомобили може да се користи на два начина: или во горивни ќелии во кои водородот реагира со кислород при што се добива електрична енергија или како гориво во мотори со внатрешно согорување. Предностите на водородот како гориво се во тоа што единствена отпадна материја е чиста вода, а недостатоците се во тоа што водородот се складира или под висок притисок или под ниски температури, што ја отежнува конструкцијата на резервоарот за водород. Но, решение за овие недостатоци нуди фирмата Cella Energy која развива технологија со која водородот се "пакува" во микронски топчиња од полимер и така може да се користи во моторите со внатрешно согорување.


Информатика

HP ProBook 5330m неодоливо потсетува на Apple MacBook PRo. Директна конкуренција? Зошто да не. Алуминиумско куќиште, компактни димензии, 1,8 kg тежина и Intel SandyBridge платформа – вистински придружник на деловните патувања. Покрај тоа, магнезиумското куќиште, освен естетскиот изглед дава и поголема механичка цврстина и отпорност. За лаптоп системи од бизнис класата, тоа се два и тоа како битни моменти.


Електроника

Уредите за мерење на забрзувањето или акцелерометрите се применуваат во разни области на живеењето. Нивната изработка во форма на интегрирани кола овозможува решавање на голем број проблеми. Во написот се изложени принципот на работа, технологијата на изработка и примената на акцелерометрите.


Електроника

Одземањето е една од основните операции во бинарната аритметика. За нејзината реализација во дигиталната електроника е потребно да се дефинираат негативните броеви во бинарниот систем, да се овозможи примена на бинарните собирачки склопови.


Електроника

За квалитетен прием на сигнали во подрачјето на куси бранови потребна е антена со големи димензии. Корисниците на ова браново подрачје редовно се судираат со проблемот каде и како да ја постават. Антенскиот засилувач, претставен во овој напис, овозможува квалитетен прием и со значително помали димензиии на антената.


Аудио и видеотехника

При дизајнирање на стерео микрофонот AT2022 X/Y, компанијата Audio-Technika направила одлична комбинација со разумен компромис меѓу цената и квалитетот. За оние кои го тестирале микрофонот AT2022 X/Y велат дека добиениот звук е со перформанси кои го задоволуваат нивото за квалитет, било да снимате тон надвор или во студио, а при тоа инвестицијата не е голема и изнесува 439 долари.


Омнибус

Новинарите ги учат дека насловите на текстовите треба лапидарно да ја опишат темата и фактите, а по можност - да поентираат со залучок. Таков наслов сигурно веднаш ќе го привлече погледот на читателот и со тоа успешно ќе ја исполни својата улога. Е па тогаш, насловот треба да биде: "МАКИНОВА 2011 го допре центарот на Земјата, подолу од тоа – не може"!


Информатика

Неколку дена откако Емирот од Катар побегна од потпалениот покрив, хотелот Александар Палас беше ставен "под опсада" од страна на македонската ИТ заедница. Организатор на традиционалниот настан беше локалната канцеларија на Мајкрософт, од каде и оваа година се потрудија истиот да го заземе централното место помеѓу случувањата во македонската ИТ индустрија.


Омнибус

Во нешто помирна атмосфера во однос на претходните години (според нас) и оваа година се одржа традиционалната ТЕХНОМА – единствениот саем за техника кај нас. Еве што забележавме.


Медицина

Ракот е втора по бројност причина за смртност, веднаш по кардиоваскуларните заболувања. Годишно само од рак на белите дробови умираат 1,5 милиони лица. Раното откривање, проследено со брз третман, е примарно за да се преживее овој рак што се шири со неверојатна брзина во организмот. Ова се причините заради кои научниците од многу земји во светот бараат нови лекови, нови тестови, вакцина...


Омнибус

Науката постојано ни открива несомнени научни вистини, но некои од нив се спротивставуваат на нашиот здрав разум и ни изгледаат неверојатни. Во овој серијал ви претставуваме поголем број такви "неверојатни" научни вистини. На ред се нови пет неверојатни научни вистини: Гласните звуци ја намалуваат околната температура, Сите генетски болести не се наследни?, Компјутерот ги греши и едноставните пресметки!, Диносаурусите не се мртви?! и Клонираните животни се раѓаат веќе остарени.


Макетарство и моделарство

По традиција Аеро клубот Прилеп е организатор на една од најатрактивните воздухопловно-моделарски манифестации. Радиоуправуваните модели се, всушност, врв во воздухопловното моделарство и веќе по правило секоја година Аеро Клубот Прилеп е организатор на завршната воздухопловна манифестација. Така и оваа година според информацијата од организаторот и селекторот за воздухопловно моделарство Здравко Тодоровски оваа манифестација беше извонредно организирана, а учесниците се погрижија за постигнување на врвни резултати.


Аудио и видеотехника

Монт Еверест – колку е висок толку е и опасен за искачување, велат оние кои имаат можност, храброст и искуство да ги доживеат височинските возбуди. Илјадници алпинисти буквално го ризикуваат својот живот со цел да ја доживеат таа возбуда искачувајќи се на врвот на светот. Денес, неколку децении по Едмунд Хилари првиот алпинист којшто се искачил и го освоил овој врв, секој може да види како изгледа животот таму и да му се восхитува на пејзажот на висина од 8850 метри, седејќи во својата топла соба. За што станува збор? За да дознаете прочитајте го текстов до крај.


Електроника

Користење на светлечките ефекти за декорација за време на новогодишните и божиќните празници или разни свечености е нормална пракса во светот. За оваа цел повеќе фирми нудат различни електронски светлосни уреди, но за нас електроничарите секогаш е поубаво ако самите го направиме она што ни треба. Токму затоа ви го нудиме овој проект за мал светлосен украс.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Во овој број ве информирмираме за новата генерација ултрабрзи 1200-волтни IGBT на International Rectifier, MCP1700 - нов LDO регулатор на Microchip, англиски истражувачи произведоа "ладен" графен, изданијата "Transactions" на Omega Engineering


Астрономија и астронаутика

Во 2008 год. во суданската пустина падна астероид. Хемиската анализа на составот на неговите остатоци извршена од екипи на НАСА и други институции покажа изненадувачки голем асортиман од составни компоненти, карактеристични за повеќе различни типови метеорити!


Електротехника

Малата сопствена тежина од само 2,6 kg, вкупната максимална должина од 285 mm, широкото поле за работа од 82 mm при длабочина од 2,5 mm, при 17 000 вртежи во минута, безрезервно ја издвојува оваа електрична машина за обработка на дрво на Макита како супериорен престижен модел во асортиманот на комерцијалните машини за иста намена.


Омнибус

Антикрепускуларни зраци;
Електрична струја од алги;
Знаевте ли дека...;
Слоновите се многу умни;
Скенер на "Canon" кој скенира 80 страници а3 во минута;
ОСОРБ – универзален чистач од стакло;
Сите ѕвезди се раѓаат исто?;
Зошто човекот го загубил своето крзно?;
Првиот хрватски суперспортски електроавтомобил;
Екипа од ФЕИТ освои златен медал на меѓународен натпревар во Србија;
Професионални звучници Wharfedale Pro;


Писма
Повеќе "приземна" електроника и сервисирање
100 W засилувач, звучник и неизобличен звук
Зошто грее IC1 во автомобилскиот аларм од Е 5-6/2000?