Рубрика: Астрономија и астронаутика
Спектр Р, руски орбитален радиотелескоп
Автор: Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Почетоците на програмата Спектр се речиси пред триесет години. Во тоа време, во 1983 година, Советскиот Сојуз лансирал орбитален телескоп за набљудување во ултравиолетовиот дел на спектарот наречен Астрон. Понатаму, Советскиот Сојуз имал намера да лансира три орбитални телескопи кои требало да вршат набљудувања преку целиот електромагнетен спектар. Посебни телескопи требало да вршат набљудувања од радио, преку ултравиолетовиот до рентгенскиот и делот на спектарот од гама-зраци. Програмата била слична на американската програма за лансирање четири "големи опсерватории". И додека американските орбитални телескопи од кои најпознат е Хабловиот телескоп се лансирани од 1990 до 2003 година, првиот руски орбитален радиотелескоп Спектр Р, познат и како Радиоастрон, е лансиран оваа година.

Клучни зборови:

Тестирање на расклопувањето на антената на Спектр Р во лабораторија на Земјата

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.