Рубрика: Електроника
Конвертор на VGA видеосигнал во композитен видеосигнал
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако сакате да го поврзете вашиот персонален компјутер на вашето куќно кино, изградете VGA to VIDEO конвертор. Уредот е погоден за гледање на филмови, вршење на видеопрезентации, реклами и други видеоманифестации од компјутер кој не поседува излез за видеокомпозитен сигнал. Конверзијата е стабилна, со висока резолуција и висок квалитет на сликата во однос на светлината, контрастот и заситеноста на боите.

Идејата за изградба на конвертор на VGA (Video Graphic Adapter) во композитен видео сигнал произлезе од желбата и потребата видеосигналите (ДВД филмови, дигитални фотографии…) од графичката видеокартичка на мојот десктоп компјутер да ги гледам на домашниот телевизор. Имам 29-инчен CRT телевизор Sony кој поседува SCART конектор на задната страна и VIDEO IN влез на предната страна. Недостасува конвертор кој како интерфејс ќе ги поврзе овие две влезно/излезни единици. Веднаш започнав да барам решение. Иако можев да набавам видеографичка карта која има VIDEO OUT, сепак посакав решението да го побарам во самоградба. Потребен беше конвертор кој ќе ги енкодира сигналите добиени на VGA излезот од персоналниот компјутер во видеокомпозитен сигнал.
Најсофистицирано решение за конверзија на VGA сигналот во композитен видео сигнал претставува примената на интегралното коло AD724. Колото е производ на електронската компанија Analog Devices, именувано како RGB to NTSC/PAL Encoder. AD724 во суштина е енкодер кој ги конвертира црвената (R), зелената (G) и сината (B) компонента од сигналот за боја во нивните соодветни кореспондирачки сигнали за светлина (luminance) и боја (chrominance) во склад со пропишаните норми за NTSC и PAL стандардите со што се добиваат 75 омски излези за RGB, 75 омски композитен видео сигнал и S-Video стандард.
Оваа мала "бубачка" е запакувана во минијатурно 16 пинско SOIC куќиште со максимална дисипација од 800mW. Се "храни" со +5V извор на еднонасочен напон, не бара надворешни линии за доцнење или дополнителни електрични филтри. Кога не е во употреба "бубачката" е штедлива и сама се гаси иако напојувањето не е исклучено.
Со квалитетот на сликата ќе бидете пријатно изненадени: стабилна, со заситени бои, одличен контраст, светлина…, со еден збор во ништо не се разликува од изворниот сигнал кој го гледате на мониторот од вашиот лаптоп. Изградениот уред е многу подобар од многубројни уреди, самонаречени конвертори, кои со неколку транзистори или едно логичко коло од CD40XX серијата неуспешно сакаат да добијат квалитетна слика.
Изградениот VGA to video конвертор во ништо не заостанува зад комерцијалните видеокартички кои се поставуваат на PC слотот во персоналните компјутери за да дадат излезен видеокомпозитен сигнал. Ако се земе предвид фактот што цената на интегралното коло AD724 изнесува само 6 – 7 американски долари, тогаш сигурно победуваме со однос квалитет/цена.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1140

ИК: AD724

 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.