Емитер 11/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
По традиција Аеро клубот Прилеп е организатор на една од најатрактивните воздухопловно-моделарски манифестации. Радиоуправуваните модели се, всушност, врв во воздухопловното моделарство и веќе по правило секоја година Аеро Клубот Прилеп е организатор на завршната воздухопловна манифестација. Така и оваа година според информацијата од организаторот и селекторот за воздухопловно моделарство Здравко Тодоровски оваа манифестација беше извонредно организирана, а учесниците се погрижија за постигнување на врвни резултати.
На 23 Октомври на спортскиот аеродром во Прилеп се одржа уште една, единствена во Македонија и многу атрактивна воздухопловно спортска манифестација, традиционалниот "Октомвриски ревијален куп натпревар во Радиоуправувани модели - Прилеп 2011". На спортскиот аеродром повторно се собраа најквалитетните претставници од Македонија, да ги покажат своите достигнувања и способности во управувањето со беспилотни летала. Натпреварувачките летови се изведуваа во две категории и тоа: Ф-3-Ј (радиоуправувани едрилици) и Ф-3-А (радиоуправувани акробатски модели на авиони, во две нивоа – професионална и отворена класа)
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.