Рубрика: Автомобилска техника
Водородот како гориво за автомобили
Автор: Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Водородот како гориво за автомобили може да се користи на два начина: или во горивни ќелии во кои водородот реагира со кислород при што се добива електрична енергија или како гориво во мотори со внатрешно согорување. Предностите на водородот како гориво се во тоа што единствена отпадна материја е чиста вода, а недостатоците се во тоа што водородот се складира или под висок притисок или под ниски температури, што ја отежнува конструкцијата на резервоарот за водород. Но, решение за овие недостатоци нуди фирмата Cella Energy која развива технологија со која водородот се "пакува" во микронски топчиња од полимер и така може да се користи во моторите со внатрешно согорување.

Водородот, за разлика од традиционалните фосилни горива како нафтата, не е примарен извор на енергија. Тој служи како преносител на енергија, слично како батериите, а енергијата за производство на водородот може да се добива од обновливи или необновливи извори. Предноста на масовното користење на автомобили со погон на водород е во тоа што единствен продукт на негово согорување е вода, што значи дека целосно се елиминираат штетните издувни гасови, вклучувајќи го и јаглерод диоксидот кој се смета како еден од главните "гасови на стаклена градина".

Како гориво за автомобили водородот може да се користи на два начина: или да се користи како гориво во класични мотори со внатрешно согорување или да се користи во горивни ќелии каде што во реакција со кислородот произведува електрична енергија која потоа го придвижува електричниот мотор. Досега се произведен повеќе прототипови на автомобили од двата вида, а два модела се произведваат во мали серии –  BMW Hydrogen 7 и Honda FCX Clarity. Обата јасно ги искажуваат недостатоците на автомобилите со погон на гориво. Но, резултатите од едно истражување укажуваат на тоа дека работите може наскоро да се променат...

Клучни зборови:
Концепт за водороден погон

Концепт за водороден погон

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.