Рубрика: Аудио и видеотехника
Стаби – кралот на винилот
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Приказната за Стаби, словенечкиот грамофон кои ги обиколи сите светски салони на аудиотехника, е приказна која секој иноватор сака да му ја асоцира на својот производ. Роден во скромна средина, да не кажам гаража, со иноваторски решенија во областа на механиката кои не ретко ја надминуваат извонредноста, овој грамофон речиси моментално ги зароби срцата на најпробирливите аудиофили.

Навистина, Стаби и неговиот татко Франц Кузма долги години зрачат со атрибутот на извонредност и неповторливост. Тоа не е прост след на битови кои ги нуди дигиталната техника, и за разлика од неа која со само неколку едноставни математички операции ја извршува работата, механичките решенија кои ги нуди Франц Кузма наоѓаат зародиш во длабоки математички анализи.
Кога се работи за аналогна обработка на сигналот, а особено на оние информации запишани на винилната плоча, ние се издвојуваме од едноставната математичка рамка за да влеземе во еден креативен свет кој подлежи на фундаменталните физички законитости. Да се претвори една механичка вибрација запишана на винилна плоча и каптирана од иглата која се движи долж една спирална миро-бразда, во променлива електрична струја која го претставува аудиосигналот, сè уште останува работа која бара неограничена извонредност без разлика дали се работи за грамофонската глава, за грамофонската рачка или за погонување и одржување на бројот на вртежите на винилната плоча. Затоа, градителот на вакви системи тука станува вистински уметник за финалниот производ да ги задоволи и најпробирливите аудиољубители.
Франц Кузма оваа перфекција ја негува уште од средината на седумдесетите години на минатиот век за да во 1982 год., воден од неговиот интерес за музиката проткаен со извонредност во совладување на машинството, да го создаде својот прв грамофон Стаби.
Стаби, чие име потекнува од поимот стабилност, како по сценарио на некој холивусдки филм за многу кратко време се наоѓа на рафтовите на најеминентните аудиокуќи, на првите страници за најпознатите списанија за аудиотехника и на најголемите светски саеми и изложби на аудиоопрема.

Клучни зборови:

Средина на осумдесетите, Франц Кузма во својата работилница заедно со своето прво ремек-дело: Стаби.

Stabi Reference и Srogi Reference 313 VTA, едни од најдобрите комбинации грамофон – рачка на сите времиња

Kuzma Srogi S – Едноставно, минималистичи и навистина моќно.

Производите на Франц Кузма се одликуваат со неверојатно прецизни механички решенија.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.