Бела чума ич не остава, ниту моли ниту простува… Пат долг, бели темници, очи бели, бели зеници…
Дрогата, чумата на овој век, безмилосно одведува илјадници животи, долготрајно и прескапо го наплатува краткотрајното виртуелно задоволство… Љубопитноста да се ѕирне зад затворената врата во забранетата соба чини еден упропастен или прекинат млад живот.