Електроника

Секој посериозен електроничар кој се занимава со електроника има потреба од помошни уреди т.н. тестери, кои ќе му послужат за брзо испитување на исправноста на некои компоненти во електронско коло на кое се јавиле проблеми во работата. Исто така, со овие тестери може директно да се испитува исправноста на нови и стари компоненти, ако се сомневате во нивната исправност.


Астрономија и астронаутика

Откривањето на огромни екстрасоларни планети од типот гасовити џинови, во последно време стана неинтересно секојдневие. Меѓутоа, сега истражувачите го насочиле своето внимание кон мисии кои ќе детерминираат екстрасоларна планета доволно слична на нашата Земја, со орбита во "животната зона", така што таа може да поддржува живот. Па да видиме до каде тие стасале.


Информатика

Годината што изминува ја одбележија низа новини, од кои некои имаат предиспозиции засекогаш да го изменат востановеното поимање на информатичката технологија. Отворени се нови видици и можности, а времето ќе покаже дали оваа, 2009 година, можеме да ја сметаме за револуционерна.


Аудио и видеотехника

Телевизијата почнува и завршува со светлото. Без светло не постои можност да се добие слика. Логичен заклучок е дека светлото за телевизијата, но и за филмот, е многу битно, а најдобро е кога не се забележува во сликата, односно кога така добро го заменува природното осветлување во природните сцени, што човечкиот мозок смета дека сцената е дел од реалниот свет. За добро да биде осветлена една сцена потребно е знаење и големо искуство.


Информатика

Во претходните два броја на ЕМИТЕР преку едноставни "школски" примери видовме како се користи програмскиот јазик HTML за изработка на хипертекстуален веб-документ. Надевајќи се дека уживате во изработка на "вашата" веб-страница, во овој број ќе покажеме како се вметнуваат слики, како се прават хиперврски, а и како да вметнете движечки текст на вашиот сајт.


Електроника

Во овој проект е претставен брз и квалитетен полнач на AA NiMH и NiCd акумулаторски ќелии (батерии), кој се приклучува на УСБ-порта од вашиот лаптоп или персонален компјутер. ќелиите со капацитет од 2500mAh ги полни "до врв" за само 5,5 часа, а тие со помал капацитет уште побргу. При полнењето нема да ги оштети, бидејќи располага со електронско коло за термичко прекинување на полнењето.


На граница на науката

На некое поле, каде што дотогаш имало само непрегледно море од жито, во првите мугри наеднаш може да осамне комплицирана слика направена од полегнато жито. Житните слики (crop circles) може да бидат само неколку кругови, но и комплексни геометриски слики со големина од неколку стотици метри. Кој ги прави овие слики во жито и дали во нив е скриена некоја порака? Како и за многу други појави, постојат повеќе објаснувања, некои и дијаметрално спротивставени, како што ќе прочитате подолу.


Електротехника

Темата на трудот е да се укаже на потребата за примена на системски решенија во заштитата на енергетските приклучоци на градежните објекти од последиците на директниот или блискиот удар на гром, како и од пренапони предизвикани од дејствувањето на електромагнетниот импулс на громот (LEMP), но и од пренапоните што се резултат од операциите на префрлање или дефект на НН и ВН-мрежа (СЕМП).


Автомобилска техника

Ова е вториот дел од темата во која го коментираме одржувањето на електроинстала-цијата на автомобилите. ќе биде разгледано одржувањето на системот за светлосна сигнализација и ќе се задржам само на некои од основните компоненти од помошните електрични системи на автомобилот. Сето тоа ќе биде испреплетено со корисни напомени, совети и поуки кој би биле добредојдени за сите оние кој се справуваат со овие проблеми.


Архитектура и градежништво

Композитните системи за надворешна топлинска изолација (КСиНТИ) се состојат од повеќе поединечни материјали - компоненти, кои меѓусебно се компатибилни, што се докажува со институтски извештаи. Во Македонија, со мали исклучоци, масовно се применуваат "квази-системи" со произволна комбинација на материјали од различни производители, без тие да бидат испитани во системот и за тоа да биде издаден соодветен атест.


Електроника

Овој едноставен уред работи во подрачјето на инфрацрвена светлина која е невидлива за човековото око. Кога ќе се постави на влезна врата, премин или коридор може да послужи како аларм за заштита на простор од несакано влегување.


Астрономија и астронаутика

Астрофизичарите одлично ги објасниле случувањата во нашиот универзум со прапочетокот - големата експлозија - Биг Бенг. Но, за да ги објаснат сите можни последици од Биг Бенгот астрофизичарите создадоа повеќе хипотези. Една од можните последици на Биг Бенгот можеби е и раѓање на огомен број други универзуми во ист момент како и нашиот. Колкав е тој огромен број? Можеби бесконечен, но можеби тој број може точно да се пресмета.


Фототехника

Големата понуда на разна фотографска опрема на пазарот го прави тежок изборот на она што навистина ни е потребно. Преголемата понуда на истородна опрема од различни производители ги тера истите да потенцираат некои сосема ирелевантни параметри вешто прикривајќи ги притоа недостатоците на производот. Така е и со потрошувачката на уредите.


Аудио и видеотехника

На 10. декември 2009 година во хотелот Континентал во Скопје, во организација на македонската фирма AVC Group, се одржа презентација на новите уреди на фирмата Sony, што таа ги произведува за аудио/видео потреби на ТВ-куќите. Презентираните уреди на Sony се со голема флексибилност, мали димензии, не создаваат механички шум и овозможуваат снимање во HD/SD домен, што во овој момент е добредојдено за повеќето бродкастери.


Електроника

Во постојаната борба помеѓу криминалот и тероризмот, од една, и безбедносните сили, од друга страна, отсекогаш била вклучена електрониката. На почетокот тоа биле едноставни алармни уреди базирани на прекинувачи кои се активираат со отворање на врати, прозорци и слично; денес оваа технологија е напредната, а нашата цел е да ве запознаеме со некои современи сензори за движење.


Омнибус

Новогодишните и Божиќни празници, освен што се добра прилика за внес на празни калории и тестирање на отпорноста на алкохолни испарувања, секогаш се и добра прилика за некој свој близок да израдувате со пригоден подарок. Еве што ние избравме за нашите најблиски – којзнае, можеби ќе ви дадеме добра идеја?


Омнибус

На 10 декември во хотелот "Александар Палас" се одржа првиот "Microsoft Форум на иновативни наставници" во Македонија. Форумот го организираа Проектот на УСАИД за основно образование и глобалната програма на Мајкрософт "Партнери во учењето". Со него на наставниците од основните и средните училишта од Македонија им беше дадена можност да ги презентираат своите образовни проекти изработени со помош на иновативна примена на технологијата.


Информатика

Компанијата NVIDIA помина долг пат во својот развој како врвен производител на графички чипови. Многумина се посомневаа во нејзиното лидерство во моментот кога гигантот АМД се спои со нивниот главен конкурент АТИ, па дури имаше сомнежи и околу нејзиниот опстанок. Но, целата оваа ситуација само му даде потстрек на водечкиот кадар на компанијата за напорна работа која ги доведе таму каде што се – една од двете водечки компании во производството на GPU.


Електротехника

За квалитетот на разните типови електрични алати кои излегуваат од погоните на компанијата Макита многу пати сме зборувале. Тоа воопшто и не чудно, бидејќи се работи за реномиран производител кој одамна се наоѓа на врвот на листата на водечки компании од оваа област. Во оваа прилика ќе ви претставам уште еден алат од многуте кои се дел од понудата, а тоа е ударниот чекан Makita BHR261. Се работи за алат кој со своите перформанси е особено атрактивен за професионалците.


Телекомуникации

Освен новоста за конечно започнување со работа на првата дигитална терестријална платформа (ДВБ-Т) во Македонија, читателите во овој број на Емитер имаат можност поблиску да се запознаат со приемениот уред на ONE за BoomTV, со неговите карактеристики, како и со содржините што ги нуди оваа платформа и што ги планира за блиска иднина.


Информатика

Денешните оперативни системи со цел за полесно и поинтересно користење на истите вметнуваат секаков вид на ефекти во графичкиот дел на оперативниот систем. Компиз (Compiz) прозорскиот менаџер за ГНУ/Линукс оперативниот систем со сигурност може да се каже дека ја остави конкуренција на почетокот на стартната линија во ова поле.


Информатика

После сите оние забелешки и дискусии околу тоа како Windows базираните лаптоп компјутери го имаат овој или оној проблем, имаат висока цена и слично, Apple, компанијата која отсекогаш е позната по поставувањето на свои правила, на пазарот ја понуди својата нова линија лаптоп компјутери, наречени Apple MacBook Pro. Се работи за модели кои носат низа новитети во однос на своите претходници.


Омнибус

Небото над Македонија во јануари;
Mint Cube - дигитална душа во аналогно пакување;
Аирлија 32nm процесор!;
Каталогирање на универзумот со Galaxy ZOO;
Презентација на Canon во Холидеј Ин;
Автономни конвои на возила - реалност во наредното десетлетие;
Phenom II во лаптоповите;
Сигурносен пропуст во Internet explorer;
Трагиком 2009;
До 2017-та дигитално радио;
Конференција на Хјулит Пакард;
IRT емитува DVB-T2 тест сигнал;


Писма
400-ватен засилувач, мистерии на водата и звучник со повеќе намотки
Полнач за литиум-јонска батерија
Перпетуум мобиле не е невозможно!
Убунту на интернет
Инвертор за напојување на пумпа за парно греење