Рубрика: Биологија
Дарвиновите јубилеи
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Оваа година се одбележуваат два јубилеи на Чарлс Дарвин: 200 години од неговото раѓање и 150 години од објавувањето на неговата книга "Потекло на видовите", во која тој ја промовира еволуцијата како природен процес за постанокот и разновидноста на сиот органски свет на Земјата. Храбра идеја за тоа време, која денес сјае со сиот свој сјај.

Теоријата за еволуција веќе неколку пати беше предмет на нашето списание (види рамка), па овде нема да се повторуваме, туку ќе се задржиме на помалку познати, но многу интересни детали и факти од животот на Дарвин, кои биле пресудни тој да се преобрази од несуден свештеник во природонаучник еволуционист, кој на Бога му ја одзел улогата креатор на живиот свет на Земјата.

Во овој напис ние се фокусиравме само на животниот пат на Дарвин и развојот на теоријата за еволуција со посебен осврт кон најмладата научна гранка, генетиката, од причина што конечно таа го објасни тоа што досега недостасуваше во теоријата за еволуција: објаснување на механизмот кој ја движи еволуцијата. Инаку, постоењето на еволуцијата беше претходно докажано од бројни други научни гранки: биогеографијата, палеонтологијата, ембриологијата, морфологијата, молекуларната биологија и биохемијата (опширно во ЕМИТЕР 2/05: “Дали Дарвин бил во право?”).

Меѓутоа, и покрај сите научни докази, некои луѓе сѐ уште не ја прифаќаат еволуцијата, повикувајќи се на тоа дека “нејзиниот тек не може да се забележи во реален временски период”?! Но, не е така – еволуцијата освен што е докажана преку многубројни аргументи во спомнатите научни дисциплини, таа е потврдена и преку лабораториски експерименти, а е видлива и во реален временски период кај простите живи организми бидејќи тие мутираат најбргу. Очигледен доказ за тоа се вирусите и бактериите, кои перманентно еволуираат во нови видови, отпорни на постоечките лекови и непознати за имунолошкиот систем на човекот (последни примери се птичјиот и свинскиот грип). Иста е состојбата и со штетните инсекти: колку и да ги уништуваме со разни отрови, еволуцијата ги трансформира нивните популации во нови креации, отпорни на дотичен отров. Така од појавата на DDT во 1939 год, досега се евидентирани околу 500 нови видови инсекти (114 нови видови комарци) отпорни најмалку на еден пестицид.


Оваа година е во знакот на одбележување на Дарвиновите јубилеи - 200 години од раѓањето и 150 години од објавувањето на теоријата за еволуција. Во тој контекст на 28 април во Природонаучниот музеј на Македонија беше отворена изложбата “Дарвин СЕГА”, организирана од Британскиот совет. Дарвин СЕГА (Darwin NOW) е меѓународен проект на Британски совет кој се реализира во текот на 2009 година во повеќе од 30 земји низ светот, вклучително Велика Британија. Изложбата кај нас се состои од 16 плакати кои го опишуваат животот на Чарлс Дарвин и неговото епохално дело - развитокот на теоријата за еволуцијата на видовите, нејзиното влијание врз развојот на биологијата и сродните гранки на науката, како и нејзината поврзаност со општествените, социјалните и културните текови. Изложбата ќе биде отворена до 10 јуни 2009 година. Посетете ја!


Повеќе за еволуцијата и Дарвин во следниве написи

Дали Дарвин бил во право? (2/05)
Науката на обвинителна клупа (4/05)
Еволутивниот пат на хоминоидите (5/07)
“Хобитите” отворија војна помеѓу археолозите (9/08)
Бебето на Луси (10/08)
Еволуцијата на човекот на виделина (1/04)
"Еволуција" на теоријата за еволуција (12/09)
Генетска еволуција кај Европејците во изминативе неколку илјади години?!
Дарвиновата природна селекција се случува двојно побрзо од очекуваното?
Сите жители на планетата Земја можеби потекнуваат од само 1000 претци

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.