Една нова студија открива дали сунѓерите или реброносците (морски суштества налик на медуза) биле првата гранка што се издвоила од дрвото на животот.
Како изгледале првите животни на Земјата? Прашањето е исклучително сложено. Ова се должи на тоа што зборуваме за форми на живот составени исклучиво од меки ткива, кои затоа оставиле многу малку траги во фосилните записи. Посигурен начин да се вратиме на потеклото на животот е да се погледне во ДНК, а поконкретно во хромозомите. Со споредување на секвенците на гени кај различни организми, можно е да се реконструираат „роднинските врски“ помеѓу формите на живот дури и да се тие многу оддалечени едни од други, и на овој начин да се погледне во минатото.
Децениските истражувања за потеклото на животот ги наведоа научниците да се поделат во два табора. Од една страна се оние кои веруваат дека првата еволутивна линија што се одвоила од сите други била таа што довела до модерните сунѓери, а наспроти нив се оние што сметаат дека први се издвоило кои наместо тоа ги означува реброносците. Една нова студија, објавена деновиве во Nature, се обидува да даде дефинитивен одговор на ова прашање.
Дали реброносците се најстарата гранка на дрвото на животот?
Долги години наназад, сунѓерите се чинеа како најприроден кандидат за улогата сестринска група, односно сестрински таксон, за сите други животни – група, којашто е поврзана со сите други и со кои дели заеднички предок. „На сунѓерите им недостасуваат нервни системи и мускули, а и повеќе наликуваат на колонии од едноклеточни протозои“, вели Даниел Роксар, еден од авторите на студијата. Меѓутоа, неколку генетски анализи покажаа дека реброносцките имаат слични примитивни карактеристики и можат да бидат подеднакво валидни кандидати.
Со цел да откријат кому да му го припишат приматот, научниот тим секвенционирал и ги споредил геномите од два сунѓера, два реброносци и три едноклеточни суштества, кои не се сметаат за животни. Конкретно, анализата се фокусирала на фактот дека позицијата на одредени гени вдолж хромозомите се менува мошне бавно со текот на времето, а во некои случаи таа останала идентична со милиони години, па затоа одредени комбинации се наоѓаат како такци во континуитет во генското стебло, од сунѓери до цицачи.
Анализирано од оваа гледна точка, ДНК на реброносците откри присуство на одредени комбинации на гени што се отсутни кај сите други животни, но ги има кај не-животните. „Наједноставното објаснување за овие разлики е дека реброносците еволутивно се одвоиле од останатите животни пред сите други, вклучувајќи ги и сунѓерите“, вели Роксар.
Според неговиот колега Дарин Шулц „ова истражување ќе ни овозможи да го разбереме потеклото на основните функции што ги споделуваат сите животни, од тоа како се движиме до тоа како ја перципираме околината околу нас“.