Еден од најчесто користените начини за загревање на домовите денеска претставува топловодното, популарно наречено парно греење. Во зависност од финансиската состојба и цената на енергенсите, некои се определуваат за парно на дрва, природен гас, нафта, пелети и др. Во овој текст ќе се задржиме на изведбата на сопствено парно греење, негово тестирање и пуштање во употреба, а пресметките и одлуката за каков тип парно ќе се одлучите ќе ја оставиме на вас.