Електроника

Секој има потреба да сними некој важен телефонски разговор на која било тема, на пример со некој близок (за да му остане зачуван како драг спомен), или пак некој разговор со стручна тематика (кој обично брзо се заборава). Имено, од таа гледна точка тргнав и јас, па го изработив овој уред кој повеќе време е во функција и се покажа како мошне корисен. Намената на овој уред е исклучиво во контекст со претходното образложение, но некои повешти електроничари можат да го применат и за поткраднување и снимање на туѓи телефонски разговори што јас го квалификувам како неморално.


Аудио и видеотехника

До пред само петнаесетина години грамофонот беше единствената сериозна направа која се користеше за репродукција на музика во нашите домови, дискотеките и радиостаниците. Но денес, освен за ретките вљубеници и носталгичари, грамофонот и винилот полека но сигурно му се препуштаат на заборавот. Причината за ваквиот неславен крај на аналогниот крал на сите ни е повеќе или помалку добро позната. Сјајниот диск од алуминиум и прозирна пластика не само што со молскавична брзина го замени винилот и ја измени од корен аудио индустријата, туку се чини дека е на добар пат да го измени се она што ни било досега познато, нас самите па ако сакате и светот. 


Електроника

Микроконтролерската техника во денешно време напредува со огромна брзина. Секојдневно се појавуваат нови модели на микроконтролери кои се побрзи или помоќни од своите претходници. Поради ова микроконтролерите наоѓаат сè поголема примена во секојдневниот живот. За жал кај нас оваа област од техниката е најслабо покриена со литература. Во оваа серија написи ќе биде објаснет начинот на функционирање на микроконтролерите...


Аудио и видеотехника

Токму на преминот од старата во новата 1998 година, нашиот аудио пазар беше збогатен со уште еден производител на звучници, звучнички системи и електроника. Станува збор за реномираната американска фирма BOSE. Во вид на Новогодишен поклон, пред македонските потрошувачи, за првпат во организирана продажба, беше претставена целокупната гама на BOSE, која опфаќа производи за сечии џеб и вкус. По исчезнување на двајцата дистрибутери за TANNOY, на нашиот пазар се почувствува сериозен недостаток од квалитетен производител на звучни кутии, чија програма опфаќа како производи за домашна употреба, така и производи за професионална употреба. Познавачите на аудио техниката можат да потврдат, дека одговорот во вид на BOSE е вистински погодок.


Електроника

Потребата за заштита на автомобилите од кражба е евидентна. Дури и старите модели често се мета на крадците поради скапите аудио системи вградени во нив. Така задоволството што го пружа квалитетниот, но и скап, аудио систем го принудува сопственикот на автомобилот на уште еден трошок - набавка на алармен уред што додатно го оптоварува семејниот буџет. Со мал сопствен труд можете да го изработите овој евтин алармен уред.


Аудио и видеотехника

Тие можеби не се гламурозни или скапи како егзотичните студиски кондензаторски микрофони, но сè уште играат значајна улога како на концертните сцени така и во професионалните студија. Колку технологијата на кондензаторките микрофони да напредува, колку и да се подобрува нивниот квалитет, колку и да сте подготвени да платите за нив, секогаш во едно музичко или радио дифузно студио ќе има место за неколку динамички микрофони.


Аудио и видеотехника

Унгарскиот Videoton е една од поголемите фабрики во Европа за производство на звучници, со долга традиција. Пред 20 години нивниот мал и многу евтин звучник Minimax II беше вистински хит во Велика Британија, со многу добри оценки во Hi-Fi списанијата. Во моментов Videoton е зафатен со производството на дрвенарија за звучниците Tannoy M2 и нивното склопување (работната рака во Унгарија е поевтина отколку во Велика Британија).


Електроника

Сигурно поголем број од читателите забележале дека прегорувањето на електронските уреди најчесто се случува во моментот на вклучувањето на истиот. Најчесто на удар се деловите од уредот кои се најмногу оптоварени и по некое правило ова се и најскапите делови. Причината поради која најчесто се случува прегорувањето во старт е поради тоа што во преодниот режим на уредот може да се појават напонски или струјни удари кои некој дел не може да ги издржи и настанува негово разорување.


Електроника

Сакате да влезете во светот на практичната електроника, но не знаете како и од каде да започнете? Можеби веќе и сте започнале практично да се занимавате со електрониката, но наидувате на многу проблеми поради своите скромни знаења? Ако вашиот одговор на овие прашања е потврден (барем делумно) тогаш оваа серија написи е наменета за вас.


Аудио и видеотехника

Слушалката треба да создаде звучно поле во многу мал простор;тоа е надворешниот дел од увото-ушната школка и слушниот канал-чија вкупна зафатнина изнесува околу 30cm3. Налегнувањето на слушалката врз увото има влијание врз стекнатиот впечаток за фреквенциската содржина; кон ова мора да се додаде и влијанието на проводноста на мекото ткиво и на коските од главата. Овие елементи многу ги разликуваат слушалките од звучниците.


Електроника

Оние кои се занимаваат со дизајнирање и склопување на електрични кола сигурно имале често потреба да ја измерат температурата на поедини компоненти. За таа цел постојат комерцијално достапни термометри, било како независни уреди, било како проширување на стандардниот дигитален мултиметар. Голем број од тие уреди имаат широк температурен опсег, од 200°C или повеќе, но за жал се прилично скапи. Ако се користат само повремено, тешко дека може да се оправда инвестицијата во еден таков уред.


Електроника

Доколку во вашиот автомобил се јавила потребата за приклучок од 220V изградбата на овој мал претворувач би претставувала предизвик за секој електроничар а и решението на проблемот. Преку овој претворувач можете да напојувате радио приемник, мал телевизор или било кој друг уред предвиден за напојување со напон од 220V/50Hz и моќност до 30W.


Електроника

Ова коло споено на потрошувач за градска мрежа, овозможува ограничување на полетната струја низ потрошувачот. Ова се остварува на тој начин што во полетниот момент (при вклучувањето) дел од напонот се доведува на помошен потрошувач. По одредено време потрошувачот се приклучува директно на градската мрежа.


Омнибус

Резултати од Републичкиот КБ - натпревар "Гоце Делчев" - 1998 година; Почетоците на WW DX contest; CQWPX - нови категории; Меѓународни радиотелеграфски клубови; DXCC 2000; Правила за дипломата Israel's anniversary 50th; Соларен циклус 23 во подем; DX – информации; Календар на меѓународни КБ-натправари


Омнибус

Изминаа точно две години од нашата претходна анкета. Во меѓувреме излегоа дваесетина броеви преку кои ЕМИТЕР ја дооформи својата концепција (иако сè уште не баш онака како што сакаме), а кругот на читатели се прошири. Затоа сметаме дека е време повторно заеднички да разгледаме што сме направиле и што понатаму треба да правиме.


Омнибус

HI-FI информации; Нов софтвер за VS-880; Peavey засилувачи; Уште еден начин за изработка на ППК; Ново од Panasonic; Втора генерација на Tomahawk хард дискови


Писма
Трафо за биојонизаторот
Примопредавател за SSB мод
Прашања за неколку популарни проекти и апликации