На последниот ден на "ИДФ 2012 Сан Франциско", воведното предавање го одржа главниот службеник за технологија на Интел – Џастин Ратнер (Justin Rattner). Тој ја сумираше својата визија за иднината на безжичните комуникации обраќајќи им се на присутните со следните зборови: " Во иднината, ако уредот содржи компјутерски дел, тогаш тој ќе биде во состојба да се поврзува со други уреди. Од наједноставните embedded сензори, па сè до најнапредните податочни центри во облак, ние ги бараме начините на кои сите овие работи меѓусебно ќе се поврзат, без потреба од кабли ." Ратнер премиерно го демонстрираше првото воопшто целосно дигитално WiFi радио, наречено "Радио на Муровиот закон"