Научниците пронашле формула како од течен цемент да создадат течен "метал", односно како од цврст изолатор да создадат материјал кој има особини на спроводник.
– Овој нов материјал може да се користи на многу начини. Еден од нив е да се користи како спроводник во тенките слоеви од материјал што се користи во изработка на ЛЦД екраните. Со оваа иста формула до неодамна можеше на единствен начин да се произведе само таканареченото металик стакло, кое има многу поголема отпорност на корозија од металите кои вообичаено се користат во разни примени, помалку се крши од обичното стакло, има поголема спроводливост, помали губитоци на енергија во магнетните полиња и поголема флексибилност од многу други материјали кои се употребуваат во електронската индустрија – вели Chris Benmore, физичар кој работи и истражува на U. S. Department of Energy (DOE).
Со новото откритие, со истата формула може од цемент да се направи метал со процес на заробување на електроните, феномен кој досега бил познат само во растопен амонијак. Сега со овој процес истражувачите сметаат дека некои цврсти изолатори ќе можат да се претворат во полуспроводници, и тоа на собна температура.
– Постапката на заробување електрони и претворање течен цемент во течен метал е откриена неодамна благодарение на фактот што денес знаеме како да ги контролираме условите што се потребни за создавање заробени електрони во материјалите. Како резултат на тоа сознание, можеме да тестираме и други материјали за да провериме дали можат и тие да станат спроводници на овој начин – вели Benmore.
Инаку, тимот истражувачи проучувале една состојка на алуминиумскиот цемент, која се вика мајанит, и се состои од калцим и алуминиум оксид. Со помош на аеролевитатори и ласерски сноп од зраци, тие го растопиле мајанитот на температура од 2000 степени Целзиусови, го обработувале во различити атмосфери за да утврдат на кој начин најдобро се врзува кислородот во добиеното стакло. Тие утврдиле дека левитаторот ја одвојува врелата течност по површината и го оневозможува создавањето кристали. На тој начин течноста постепено се лади и се создава стакло кое може да ги зароби електроните на начин кој е потребен за спроведување електрична струја, односно стаклото добива карактеристика на спроводник. Научниците откриле дека спроводливоста се јавува кога електроните ]е бидат заробени во структура слична на кафез. Тогаш тие создават механизам за спроводливост, сличен на оној кој го имаат металите.
Истражувањето го финансирало јапонското Министерство за образование, култура, спорт, наука и технологија, како и јапонската Агенција за наука и технологија.