Електроника
Тим од научници од Институтот за компјутерски науки при Универзитетот Тарту, Естонија, воведуваат иновативен начин за намалување на електронскиот отпад и напредна примена на одржливо обработување на податоци, јавува ScienceDaily. Станува збор за претворање на старите смартфони во мали податочни центри – нискобуџетно решение идеално за практични апликации како мониторинг во сообраќај или подводни услови, без потреба од развој на нови технологии и уреди.
Објавено на 17.06.2025 - 21:45

Омнибус
Авенга академи, еден од водечките центри за практично ИТ образование во земјава (поранешен Seavus Education and Development Center), на 14 јуни, сабота, ќе го организира годишниот настан Challenge Day – уникатна можност за сите кои сакаат да започнат или унапредат кариера во ИТ секторот.
Објавено на 17.06.2025 - 20:45

Психологија
Перцепцијата за тоа дали сме надарени или не за математика влијае на училишните оценки и на мотивацијата за учење. А се чини и дека во многу зависи и од нашите наставници...
Објавено на 16.06.2025 - 08:00

Астрономија и астронаутика
Солар Орбитер е првото летало што ги сликаше половите на Сонцето од перспектива поинаква од онаа на орбиталната рамнина на планетите, помагајќи ни да го разбереме магнетното поле на Сонцето.
Објавено на 13.06.2025 - 13:15

Архитектура и градежништво
Асфалтот брзо се загрева во лето, што предизвикува големи топлински зони или покачени температури, особено во урбаните средини. Градот Виена тестира нови опции за асфалтно поплочување, или материјали, како дел од пилот-проект. Патишта направени од четири нови асфалтни мешавини се поставени во областа околу потокот Лисинг.
Објавено на 13.06.2025 - 12:15

Медицина
Лекот за дијабетес чиешто откритие беше прогласено за врвен научен дострел за 2023 година од страна на тимот на научното списание Science, сè повеќе се гледаше како своевиден чудотворен лек. Имено, освен првичната намена да им помогне на луѓето со дијабет и шминкерсаката за оние што сакаат да ослабнат, од научните кругови сè почесто стигнуваа вести дека лекот помага за сè и сешто. Но, стигнуваат и вести за други, чудни нуспојави од негово користење...
Објавено на 12.06.2025 - 14:30

Информатика
Токму кога помисливте дека работите не можат да бидат послични на Black Mirror, подемот на вештачката интелигенција е тука за да ви покаже дека сепак може. Но, ова не е научна фантастика. Сем Алтман, кој раководи со компанијата OpenAI која стои зад ChatGPT, неодамна им соопшти на своите вработени дека е во тек развој на нов уред со вештачка интелигенција кој има потенцијал да го револуционизира начинот на којшто обичниот корисник ја користи ВИ.
Објавено на 12.06.2025 - 13:45

Роботика
Се шушка дека технолошкиот гигант Амазон развива софтвер за хуманоидни роботи и гради во САД т.н. “хуманоиден парк” во кој ќе тестира хуманоидни машини кои би можеле да излезат од комбињата за да ги доставуваат нарачките од нивната е-продавница.
Објавено на 11.06.2025 - 13:15

Историја и археологија
Висорамнините на Колумбија изнедрија неочекувана мистерија. Имено, анализирајќи ги остатоците од тела на луѓе, стари околу 6000 години и пронајдени во овој регион, научниците откриле ДНК каква што досега не е видена никаде – остатоци од изгубена човечка лоза кои се генетски неповрзани со кој било жив човек.
Објавено на 09.06.2025 - 14:30

Енергетика
ТЕЦ Неготино фото: Википедија/Cibrev CC BY-SA 4.0
Термоелектраната ‘‘Неготино‘‘ е изградена во периодот од 1975 до 1978 година, лоцирана помеѓу десниот брег на реката Вардар и железничката пруга, во околината на Дуброво, 8 километри во близина на Неготино. Непосредно до ТЕЦ се железничката пруга, автопатот Скопје – Гевгелија и 400 KV трафостаница Дуброво (400 kV врски со РЕК ‘‘Битола‘‘, Штип – Бугарија, Штип – Србија, Скопје и Грција).
Објавено на 08.06.2025 - 17:45

Pages