Белград е второто место во Европа и 15-то во светот, каде што Мајкрософт отворил ‘Гаража’, место којешто претставува уникатна технолошка лабораторија што ги поврзува инженерите, студентите, стартапите и академската заедница...
Еден од најмоќните технолошки лидери во светот, компанијата која ги обликува животите на милијарди луѓе, е основана пред 50 години во гаража во којашто двајца млади визионери верувале дека компјутерите можат да го променат светот. Токму од таа приказна, децении подоцна, се роди идејата за ‘Мајкрософт Гаража’ – простор што го зачувува духот на почетоците со експериментирање и креација без граници. Белград е второ место во Европа и 15-то во светот, каде што Мајкрософт отворил ‘Гаража’.

Гаражата на Мајкрософт во Редмонд Фото: Мајкрософт
„Гаражата веќе привлекува големо внимание бидејќи моделот на оваа отворена иновација е практично демократизација на иновациите каде што секој може да ја донесе својата идеја“, во оваа прилика изјавил Милан Госпиќ, директор на Microsoft Garage. Истовремено тој истакна дека “Целта ни е да добиеме добри идеи од луѓето што работат со нас што можат да прераснат во деловна вредност. Тие можат да ги развијат своите идеи тука, да изградат тим, да ги обликуваат тие идеи и да ги потврдат своите идеи и да ги презентираат на спонзори. Често им велам: Замислете да можете да го презентирате вашиот проект на извршниот директор на Microsoft“.
Фокусот на белградската ‘Гаража’ е ставен врз одговорна примена на вештачката интелигенција. За Microsoft, Србија е важно место на светската мапа: Современите технологии и производи што ги користат милиони луѓе ширум светот доаѓаат од Белград.
„Ако ја погледнеме вештачката интелигенција конкретно, таа е технологија за општа намена. Ова значи дека може да донесе вредност само ако е широко применета. Затоа во Microsoft го следиме нашиот индекс на дифузија на технологијата на вештачката интелигенција и Србија моментално е некаде на средина - околу 19,7%. Мислам дека постои голема шанса да се забрза и да се остварат уште поголеми придобивки, бидејќи вештачката интелигенција ќе донесе 22 трилиони долари дополнителен економски раст на глобално ниво до 2030 година“, рече Кристина Тихонова, директорка на ‘Мајкрософт’ за кластерот за Југоисточна Европа.
Предизвиците за Србија во процесот на дигитална трансформација на економијата и општеството главно се однесуваат на брзината на прилагодување кон технологиите, модернизацијата на инфраструктурата, обуката и квалификацијата на персоналот.