Куќа од соништата се издигна на овогодинешниот Меѓународен саем "Технома". Куќата е направена според врвни и најмодерни дизајнерски и технолошки решенија и ја претставува совршената слика за тоа како треба да изгледа еден идеален дом. Креирана е од страна на познатите брендови, "Техномаркет" и "Самсунг", а за нејзиното уредување се искористени најсовремените производи од "Самсунг" и производите на Coincasa, италијанскиот бренд за уредување во домот.
Посетителите на саемот "Технома" ќе бидат во можност да прошетаат во внатрешниот дел од куќата и да бидат сведоци на оргиналната замисла, реализирана од страна на "Техномаркет" и "Самсунг". Освен тоа, за секој заинтересиран посетител следува купон со попуст, кој може да биде искористен во која било продавница на "Техномаркет" до 20 октомври 2013 година. Совршениот и хармоничен семеен живот во неа се потрудија да го доловат познатиот шоумен Викса, заедно со неговата колешка Викторија. Тие одлично се снајдоа во улогата на млад брачен пар кој го живее својот сон во својата куќа од соништата.
Меѓународниот саем за металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, "Технома", ќе трае до 19 октомври 2013 година. Во тој период, сите посетители ќе можат од 10.00 до 19.00 часот да ја посетат и да ги тестираат производите на "Самсунг" во уникатната куќа од соништата на познатите брендови.
"Техномаркет" и "Самсунг" низ многу заеднички акции и интерактивни кампањи успеваат пријатно да ги изненадат своите потрошувачи и на интересен начин да ја наградат довербата која секојдневно им е укажувана.