Рубрика: Информатика
Претставена првата развојна плоча компатибилна со Ардуино, базирана на Интел
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 17.10.2013 - 12:46

Извршниот директор на Интел, Брајан Крзаниќ денес во Рим ја објави соработката со Ардуино, водечка open-source платформа во областа на образованието и креацијата. Крзаниќ ја објави и Galileo плочата, првиот производ од новото семејство развојни плочи компатибилни со платформата Ардуино, а кои се базираат врз архитектурата на Интел.
Во последниве години поради едноставноста во користењето платформата Ардуино сè попопуларна кај хобистите, ентузијастите "направи сам", но и кај уметниците и кај дизајнерите кои најчесто немаат доволно технички познавања за креирање интерактивни објекти или околини.
На развојот на плочата Галилео, Интел и Ардуино заедницата ќе работат заедно на идни продукти што би подобриле перформанси и можности на технологијата на Интел во оваа растечка заедница.
Како дел од проектот, Крзаниќ најави дека во следните 18 месеци 50 000 Галилео плочи ќе бидат донирани од страна на Интел на 1000 универзитети низ/во светот.
"Преку континуираните проекти за едукација, знаеме дека учењето "во практика" го поттикнува интересот за науката, технологијата, инжинерингот и математиката,“ изјави Крзаниќ. "Јас сум истражувач веќе низа години и ги сакам многуте можности кои ги дава технологијата и сè што можеме да направиме со неа. Со нетрпение очекуваме продуктивна соработка со Ардуино, со цел оваа заедница да се снабди со производи на Интел што ќе ги поместат границите на нашата имагинација".
Денес, Интел соработува со 17 универзитети на шест континенти за да развие наставна програма на новата Галилео плоча. Целта на овој проект во образованието е да се стави силата на Интел во рацете на што повеќе едукатори и студенти.
Интел Галилео е прва од низата плочи компатибилни со платформата Ардуино, кои се базираат на архитектурата на Интел дизајнирана за научните и образовните заедници. Платформата е едноставна за користење за новите дизајнери и за оние кои сакаат своите дизајни да ги одведат на повисоко ниво.
Интел Галилео ги комбинира перформансите на архитектурата на Интел и едноставноста при користењето на софтверот Ардуино. Во плочата е вграден новиот Intel® Quark SoC X1000, прв од новата линија најавена на годинашниот ИДФ во Сан Франциско, чии главни карактеристики се малата потрошувачка на енергија и минималните димензии. Од оваа технологија се очекува да ја прошири улогата на Интел архитектурата во новите, брзорастечки области, почнувајќи од "Internet of Things" до технологија вметната во облека.
Intel Quark SoC X1000 е еднојадрен 32-битен процесор со работен такт до 400MHz, дизајниран во Ирска.