Телекомуникации
Од почетокот на пандемијата светот е преплавен со неточни и честопати погрешни информации за ковид-19. Заземањето став против оваа конфузија е мисијата на Радиото за здравствени информации или Здравствено инфо радио (Health Info Radio), говорен радиодифузер базиран на факти, којшто својата програма ја емитува преку интернет и со дигитално аудио емитување – DAB (Digital Audio Broadcasting) од 11 предаватели во Велика Британија.
Објавено на 08.01.2021 - 15:45

Информатика
Dropbox без многу врева и најава стартуваше свој менаџер за лозинки наречен Dropbox Passwords. Апликацијата е достапна во приватната бета-верзија на Андроид и, иако може да се преземе, не може да се користи ако немате покана. Моментално, апликацијата е “во развој” и затоа може да биде нестабилна. Онаква каква што е сега, таа изгледа прилично едноставно.
Објавено на 08.01.2021 - 14:45

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме роденденoт на еден од најголемите научни умови – сер Исак Њутн и го одбележуваме првиот успешен тест на комуникациското средство кое ќе го промени светот – телеграфот на Семјуел Морзе . Покрај ова си спомнуваме и за првото известување во еден дневен печат за откритието на рентгенските зраци и првата употреба на раниот програмски јазик Симула. Покрај ова го одбележуваме и денот кога сите влеговме во првата GPS епоха ;) ...
Објавено на 06.01.2021 - 11:15

Астрономија и астронаутика
Опсерваторијата Паркс во која е идентификуван загадочниот радиосигнал
Астрономите веќе подолго време интензивно го прислушуваат космосот трагајќи по радиосигнали емитувани од некоја вонземска цивилизација. За сега, резултатите се многу „тенки“. Освен еден краткотраен сигнал (наречен Wow! ) забележан во 1977 година од соѕвездието Стрелец, и уште еден тројно повторен сигнал (наречен SHGb02+14a) од 2003 година кој дошол од просторот меѓу соѕвездијата Риби и Јарец, нема ништо вредно да се спомене... сè до настанот од 29 април 2019.
Објавено на 05.01.2021 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Неутронските ѕвезди настануваат во експлозија т.н. супернова, која што се појавува кога некоја супер масивна ѕвезда, со маса над 10 пати поголема од масата на нашето Сонце, ќе го потроши сето нејзино нуклеарно гориво. Тогаш во нејзината внатрешност ќе згасне термонуклеарниот процес што дотогаш одржувал рамнотежа на дејството на гравитацијата, па таа ќе колабира во самата себе. Нејзината маса ќе добие енормно голема густина, до тој степен што неутроните во нивните атоми меѓусебно ќе се допираат, па оттука произлегува и нивното име неутронски ѕвезди. При супернова експлозијата, ѕвездата ја исфрлува нејзината надворешна материја далеку во просторот, а притоа останува само нејзиното супергусто јадро со маса од околу 1,4 Сончеви маси, набиено под дејство на гравитацијата во многу мал волумен, со пречник од сè на сè околу 20 km.
Објавено на 04.01.2021 - 13:45

Информатика
Рансомверот (ransomware) е насекаде. За да бидете сигурни дека вашите податоци се заштитени, безбедни и достапни, потребнa ви е водечка технологија во индустријата и вистински партнер коj ќе ви ja овозможи.
Објавено на 31.12.2020 - 10:15

Омнибус
Во овој времеплов го славиме роденденот на Македонското радио, на иноваторот Чарлс Гудјир и на првото “од епрувета” дете родено во САД. Покрај ова ја одбележуваме првата јавна демонстрација на кинематографот на браќата Лимијер, како и записот со којшто Шокли ја предвидува иднината на полуспроводниците.
Објавено на 29.12.2020 - 13:00

Медицина
Како што беше објавено во медиумите, деновиве се очекува Агенцијата за лекови МАЛМЕД да го одобри ивермектинот за увоз во Македонија, по барање на стручната комисија формирана од министерот за здравство. Логично, едно од прашањата што сега се наметнуваат е цената на третманот. Дали и колку пациентите ќе плаќаат за лекувањето со ивермектин?
Објавено на 28.12.2020 - 13:15

Медицина
Конечно, иницијативата што ја презеде ЕМИТЕР преку написите на нашиот соработник Марјан Божиновски изгледа ќе вроди со плод. Како што нашите редовни читатели знаат, почнувајќи од август па досега, објавивме десетина статии за благодaтите од користењето на еден стар и на многу други полиња веќе докажан лек – ивермектинот, во справувањето со ковид-19, а со цел за пошироко информирање на јавноста и на стручните лица од македонското здравство. По долго игнорирање, македонските здравствени институции ги преземаат првите чекори кон одобрување на лекот ивермектин и на протоколите за негова примена против ковид.
Објавено на 26.12.2020 - 13:30

Pages