Досега неколкупати во Емитер сме пишувале на тема ултралесни летала. А во меѓувреме кај нас во Македонија, сè повеќе заживува трендот желбата да се лета да се надополни и да се оствари со набавка на сопствено ултра лесно летало. Ова лето, на една навидум обична средба со членови на АК Битола и претставници од дијаспората, воздухопловци од разни генерации, бевме сведоци на прелетот на ултралесното летало УЛВ Кора. Леталото го измина патот од спортскиот аеродром Стенковец во Скопје до Битола управувано од Васко Михалчев, искусен професионален пилот, но и инструктор и љубител на ултралесни летала.Досега неколкупати во Емитер сме пишувале на тема ултралесни летала. А во меѓувреме кај нас во Македонија, сè повеќе заживува трендот желбата да се лета да се надополни и да се оствари со набавка на сопствено ултра лесно летало. Ова лето, на една навидум обична средба со членови на АК Битола и претставници од дијаспората, воздухопловци од разни генерации, бевме сведоци на прелетот на ултралесното летало УЛВ Кора. Леталото го измина патот од спортскиот аеродром Стенковец во Скопје до Битола управувано од Васко Михалчев, искусен професионален пилот, но и инструктор и љубител на ултралесни летала.