На 8.12.2020 г. почина легендарниот пилот Чарлс Јегер (Charles Elwood Yeager), првиот човек што леташе побрзо од звукот. Во историјата влезе на 14.10.1947 г., кога како пробен пилот, прв успеа да постигне брзина од 1,06 маха (М) со авион на ракетен погон (Bell X-1), и на тој начин да го пробие фамозниот „звучен ѕид“, со што започна нова ера во воздухопловството.