За разлика од луѓето, растенијата не можат само да зборуваат кога се жедни. И, за жал, кај нив видливите знаци на дехидрација, како збрчкани или потемнети лисја, не се појавуваат сè дури не исчезне поголемиот дел течноста која е нивен составен дел. За да се надмине оваа комуникациска бариера, нанотехнолозите создале wearables технологија за лисјата на растенијата – сензор што ја детектира состојбата на растението и безжично ги пренесува податоцита до соодветната мобилна апликација. Целиот концепт е претставен во студијата објавена неодамна во научното списание ACS Applied Materials & Interfaces.
Електродите се дизајнирани во два различни модели. Едната е направена од никел наталожен врз тесна, пискава форма, а другата е исечена од делумно изгорена хартија обложена во восочна фолија, иако, барем засега се покажало дека подобро функционираат електродите засновани на никел.
Оваа wearable технологија за растенија може да им помогне на земјоделците и градинарите да го следат здравјето на нивните растенија од далечина, тука вклучувајќи го и процентот на вода во листовите, што е клучен маркер за метаболизмот и стресот предизвикан од суша.
При истражувањето секој од двата вида електроди бил залепен со помош на проѕирна леплива лента врз листови од соја. Било откриено дека никелските електроди имале тенденција да се лепат посилно ако се изложени на ветер, во случајот при воздушното струење од вентилаторот. Ова веројатно се должи на тоа што тенкиот, свитлив дизајн на металната фолија овозможува поголема површина од лентата да се поврзе со влакнестиот лист, а веројатно од истата причина и сигналите што биле емитувани од никелските електроди биле многу појасни и поизразени при процесот на сушење на листовите.
Потоа, научниците создале и wearable уред со никелските електроди којшто го прикачиле за растение што било одгледувано во оранжерија. Додека уредот ги споделувал податоците со мобилната и со и веб-апликацијата, едноставна и брза техника за машинско учење успешно ги конвертирала податоците во проценти на изгубена вода.
Според истражувачите следењето на содржината на вода во листовите може индиректно да обезбеди и информации за изложеноста на штетници и токсични агенси.
Со оглед на тоа што wearable технологијата за растенија обезбеди сигурни податоци при тестовите во затворен простор, следен чекор е тестирање на уредите во надворешни градини и кај житни култури за полесно да се одреди кога растенијата треба да се наводнуваат, што потенцијално би ги заштедило ресурсите, а би ги зголемило приносите.