Рубрика: Информатика
Како да присуствувате на WWDC во Apple Park?
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 06.05.2022 - 11:30

WWDC (Worldwide Developers Conference) преставува годишна конференција во организација на Apple на којашто компанијата ги прикажува најновите верзии на своите оперативни системи, но и ред други производи. Еднонеделниот настан е шанса за програмерите да научат нешто повеќе за новите технологии и како да ги имплементираат во нивните производи. Овогодинешниот WWDC е замислен како претежно онлајн настан, но Специјалниот настан во Apple Park е закажан да се одржи пред публика во живо. Присутините ќе го следат годишното обраќање од челниците во Apple во главниот говор, а ќе добијат можност да го разгледаат новиот Центар за програмери но „и многу повеќе“, како што стои во најавата. Присуството на овој настан може да се обезбеди само со покана од седиштето на Apple Park во Купертино. А како да ја добиете? Аплицирајте...

На 9 мај, Apple ќе започне со прифаќање на барањата за лично присуство на специјалниот настан што ќе се одржи на 6 јуни и со којшто ќе започне нивната овогодинешна Светска конференција за програмери. Еве што треба да ги знаете за процесот на апликација:

• Кој може да аплицира: Членови на Програмата за програмери на Apple (Apple Developer Program) и Програмата за  програмерски претпријатија на Apple (Apple Developer Enterprise Program), но и кандидатите на Студентскиот Swift предизвик за 2022 (Swift Student Challenge 2022). За жал, настанот нема да е отворен за пошироката јавност.

• Како ќе се избираат присутните: Според Apple, поканите ќе се доделуваат преку процес на случаен избор и нема да има можност да се пренесат на трето лице.

• Цена: Настанот е бесплатен, но ако присуствувате ќе треба самите да се организирате и да ги платите вашите аранжмани за патувањето

• Кога можете да аплицирате: Процесот на поднесување апликации започнува на 9 мај во 18 часот по средноевропско време, а ќе заврши на 11 мај во 18 часот по средноевропско време.

• Кога ќе бидат известени избраните? Од Apple велат дека апликантите ќе бидат известени за нивниот статус најдоцна до 12 мај до 18 часот по локално, односно до 3 часот по полноќ на 13 мај по средноевропско односно по македонско време. Но, засега не е јасно дали ова известување значи дека Apple ќе ви каже дали сте примени или не.

• Кога и каде е ќе се одржи овој посебен настан? Во просториите на Apple Park во Купертино, Калифорнија, САД, на 6 јуни.

• За да аплицирате за шанса да присуствувате на настанот, одете на веб-страницата на Специјалниот настан на WWDC во Apple Park – тука.

Тим Кук на претставувањето на новиот iPhone на настанот во Apple Park во 2020 година

Програмерите и кандидатите на Swift Student Challenge 2022 ќе бидат избрани по случаен избор. Од Apple нагласуваат дека оние кои ќе бидат избрани да присуствуваат ќе мора да приложат негативен тест за COVID-19 не постар од три дена пред одржувањето на настанот. Носењето маски е засега опционално.

Инаку воведните обраќања од настанот ќе бидат достапни онлајн, во живо, и за пошироката публика, преку пренос на веб-страницата на Apple.

Клучни зборови: