Рубрика: Информатика
MAGDA Game Dev 1UP
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 28.04.2022 - 15:45

Македонска асоцијација за развивање на игри – МАГДА ја најави првата ONLINE Game Dev конференција во Македонија – MAGDA Game Dev 1UP.


Во наредните месец и половина, еднаш неделно (секоја среда) сите заинтересирани ќе имаат шанса да присуствуваат на онлајн предавања во живо од професионалци во гејм индустријата, кои на слушателите од прва рака ќе им ги пренесат нивните искуства и тактики.

Оваа индустрија е прогласена за најбрзо растечка индустрија во светот. Токму затоа од МАГДА внимателно ги избраа говорниците – сите  зад себе имаат огромно искуство и познавање од темите. Дел од темите кои ќе бидат дискутирани се Level Design, Game Design, 2D Character Art, Sound Design, Game Production, Game Programming, Monetization, AI in Games, 3D Modeling ...

Првите двајца говорници се закажани за 4 мај, а присуството е бесплатно, сè што треба да направите е да се пријавите. Сите дополнителни прашања и информации можете да ги најдете на magda.org.mk

Крајот на ова патешествие ќе биде крунисано со дводневен Гејмџем во ЖИВО!
Проектот е дел од Creative producers проектот поддржан од Британскиот Совет во Македонија.

#magdagamedev1up

Клучни зборови: