Омнибус
Во овој времеплов ги славиме Андре Ампер, основач на електродинамиката, француски физичар и математичар. Покрај ова го одбележуваме и “раѓањето” на неонското светло како и на едено од првите компјутери од Епл со графички интерфејс ...
Објавено на 20.01.2021 - 13:15

Информатика
Oткако забележале дека симнатите апликации ги бомбардираат корисниците со огласи од Google отстранија 164 Андроид апликации кои претходно ги симнале над 10 милиони корисници.
Објавено на 20.01.2021 - 12:45

Автомобилска техника
На самиот почеток од оваа година Џенерал моторс ја претстави нивната концепт визија за иднината – летечки автономен кадилак, возило кое ќе се движи без возач и кое по воздушна линија би ги пренесувало патниците удобно сместени во него. Главниот извршен директор на Џенерал моторс го опиша овој “небесен”кадилак како концепт за идниот личен превоз.
Објавено на 18.01.2021 - 18:45

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме роденденoт на шведскиот хемичар Андерс Екеберг и на компанијата што ни го даде пребарувачот Yahoo! Покрај ова ја одбележуваме и првата јавна демонстрација на уред кој произведува x-зраци како и на првото успешно слетување, со намера, на еден авион врз бродска палуба...
Објавено на 18.01.2021 - 01:15

Астрономија и астронаутика
Една група астрономи од Иницијативата за истражување на орбитите на галактичкиот центар при Универзитетот на Калифорнија (UCLA), под раководство на професорката по астрофизика Андреа Гец (Andrea Ghez), открила непознат вид космички објекти во центарот на нашата галаксија, недалеку од супермасивната црна дупка Стрелец (Sagittarius) која е 4 милиони пати помасивна од нашето Сонце. Откритието било направено од опсерваторијата Кек лоцирана на Хавајските острови. Според групата, она што објектите ги чини невообичаени е тоа што тие во нивната орбита најголем дел од времето изгледаат стабилни и компактни, меѓутоа кога ќе се приближат до супермасивната црната дупка тие се деформираат растегнувајќи се.
Објавено на 15.01.2021 - 15:00

Аудио и видеотехника
за вистинско аудио присуство и дефиниција во вашите снимки Повеќето микрофони се поврзуваат преку USB со компјутери, но Sennheiser MKE 200 е дизајниран првенствено за поврзување со фотоапарати/камери и за телефони. Ова микрофонот го прави идеален за поддршка на "спонтаното" правење видеозаписи со...
Објавено на 13.01.2021 - 12:45

Информатика
Криптовалутата има неверојатен старт во Новата 2021 година. За неполни две недели нејзината вредност неколкукратно се зголеми. Вестите се повеќе од добри за сите што во некој момент инвестирале во биткоинот, независно дали тоа го правеле со 'копање' или со купување на оваа криптовалута.
Објавено на 13.01.2021 - 12:15

Информатика
Ви претставуваме една интересна веб-апликацијата што ќе ви овозможи да се потсетите на голем дел од продукцијата на забавна, поп и рок музика во поранешна Југославија.
Објавено на 12.01.2021 - 11:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме роденденoт на американскиот астроном и нобеловец Роберт Вудроу Вилсон, на пионерот од областа на програмските јазици Тони Хор, и на советскиот нуклеарен физичар Игор Василевич Курчатов. Покрај ова го одбележуваме првиот успешен експеримент од областа на радиоастрономијата, откривањето на месечините Оберон и Титанија, и денот кога криогенски беше замрзнат првиот човек со намера еветуално некогаш да му се продолжи животниот век ...
Објавено на 11.01.2021 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Во 2017 година низ нашиот сончев систем „прошета“ мистериозен објект, по потекло од далечните космички пространства – што беше лесно да се одреди според неговата хиперболична траекторија и брзина. Она што беше чудно беа останатите негови карактеристики: должина 10 пати поголема од неговата ширина и забрзување без детектирано испуштање на гасови и појава на кома (вообичаено за кометите). Сето ова ја разгоре фантазијата за разни хипотези, дури и за евентуална вонземна технологија.
Објавено на 11.01.2021 - 10:15

Pages