Рубрика: Автомобилска техника
Доделени наградите на Златно Тркало 2022
Објавено на 27.04.2022 - 16:00

Во постпразнично издание, во вторник (26.4.2022), во присуство на голем број претставници од автомобилската индустрија во Македонија, најпосакуваните автомобили беа ставени на пиедестал и беа во главен фокус на најдоброто од македонскиот пазар во склоп на традиционалниот Избор за најпосакуван автомобил во земјата, „Златно тркало 2022“.

Очите на јавноста и љубителите на автомобилизмот, беа сведоци на ексклузивното наградување на најпосакуваните пристигнати модели во Македонија, според учесничката листа на кандидати во склоп на изборот како истакнати новитети во изминатата година, односно помеѓу претходното доделување во 2021 година и годинешната манифестација.

„Златно Тркало“ е уникатен начин да се пронајде најпосакуваниот автомобил во Македонија, а на гласање се ставени новитетите пред сите граѓани, кои имаат пристап на интернет и социјалните мрежи, со цел да формираат резултати според кои ќе се види интересот на сите љубители и купувачи на автомобили. Гласањето се врши на централниот сајт на www.zlatnotrkalo.mk ; https://www.facebook.com/zlatnotrkalo

Во склоп на годинешното издание на изборот „Златно Тркало“, учествуваа 16 врвни автомобили, кои креираа повеќе од 12.000 гласања, коишто ги одредија најпосакуваните во вкупно 5 категории.

Златните статуетки беа доделени на 5те најпосакувани автомобили, односно:  

  1. Најпосакуван градски автомобил – Peugeot 308,
  2. Најпосакуван семеен автомобил – Kia Sportage,
  3. Најпосакуван електрифициран автомобил – Volkswagen ID.4,
  4. Најпосакуван премиум автомобил – Porsche Taycan Cross Turismo,
  5. Најпосакуван автомобил во Македонија – Volkswagen ID.4.

Љубителите на автомобили во Македонија со своите гласови веќе трета година по ред го издвојуваат најпосакуваното во автомобилската индустрија, притоа препознавајќи го најдоброто помеѓу достапните нови автомобилски модели во земјата, иако индустријата е оптеретена со недостаток на возила за продажба, како резултат на глобалната криза. 

Изборот е основан од најстариот автомобилски македонски медиум, Авто Плус, а во функција на организатори и презентери на моделите се јавуваат, Авто Плус, CAR club mk, Cars by Vik и RPM mk, кои од следната година ќе се прошират и со нови медиуми.

 

Клучни зборови: