Електроника

Ова е втор дел на проектот во кој намерата на авторот е да понуди тон генератор погоден за аматерска, школска и полупрофесионална примена и да го опише на начин и за помалку искусните електроничари. Во претходниот број беше презентирана основната теорија, шемите и конструктивните детали на тон генераторите TGE 01 и TGE 02. Во овој број проектот завршува со опис на постапките за изработка, подесување и вградување во кутија.


Електроника

Потребата за заштита на нашите простории за живеење и работа од насилно влегување на неканети гости ја воведува потребата за воведување на заштитни системи. Нашето долгогодишно искуство за изработка и монтажа на разни заштитни системи ни дава за право да ви понудиме доста едноставна концепција со релативно малку елементи, а едновремено сигурна и со професионални перформанси. Цената од околу 1000 денари за комплетен уред го прави уште по привлечен за сите хобисти.


Аудио и видеотехника

Во 1935 година се појави магнетофонот кој звукот го снимаше на магнетна лента и по својот изглед и операции воопшто не се разликуваше од денешниот. Потоа беа потребни околу триесет години за да се преместат магнетните ленти во кутии (касети), да се смали нивниот облик и да се поедностави ракувањето со уредот. Со тоа се доби добро познатиот касетофон.


Аудио и видеотехника

Звучниците, по својата електомеханичка природа, се дел кој можеби најмногу влијае на квалитетот на звукот при изборот им се посветува најмалку внимание. Колорациите и изобличувањата кои ќе ги внесе засилувачот, компакт дискот или тјунерот се минимални во споредба со оние кои ги внесуваат звучниците. Тие се дел кој еден систем ќе направат да звучи величествено или наполно ќе го упропастат. Од тие причини, во овој број претставуваме три модела на високо квалитетни звучници со цена под 1600 DM.


Аудио и видеотехника

Првата неконвенционална технологија на дисплеи која е употребена кај комерцијалните ТВ приемници беше проекторот со течни кристали (LCD-liquid cristal display). Како кај конвенционалните ТВ приемници кои користат три електронски топа за генерирање на трите електронски млаза на црвена, зелена и сина боја, LCD проекторите користат плочи со илјадници мали магнетно-светлосни вентили кои се отвараат и затвараат под дејство на електрични сигнали генерирани на матрица на транзистори.


Електроника

Многу гитаристи сигурно се разочарале од звукот што го чуле кога електричната гитара ја приклучиле на некој од влезовите на својот музички систем.
Причината за слабиот квалитет на звукот добиен преку музичкиот систем е во несоодветниот (нискиот) излезен напон на гитарата и нејзината релативно голема излезна отпорност.


Аудио и видеотехника

Доколку сте и вие еден од оние големи вљубеници во телевизијата и едноставно не можете да го замислите денот без неа, а можностите не ви дозволуваат со себе да го носите својот огромен ТВ приемник, тогаш вистинско решение за вас се LCD ТВ приемниците на компанијата Philips. Оваа компанија во последно време на пазарот исфрли три нови модели на LCD ТВ приемници кои навистина фасцинираат со својата минијатурна форма и со огромниот број на функции.


Електроника

Како неизбежна компонента на скоро секој поголем алармен систем се јавува код заштитата. Код заштитата заедно со системот за затварање претставува дигитална брава, која пак со мали модификации може да се претвори во скромен алармен систем.


Аудио и видеотехника

Замислете дека имате неколку видео камери, секоја насочена од различен агол кон ист предмет. Сега преклопете ги сликите од секоја камера во една. Сликата што ќе се добие е нефокусирана и развлечена, размачкана.
Повеќе отворени микрофони го даваат истиот разурнувачки ефект врз аудио сигналот, а за тоа постојат две решенија.


Телекомуникации

Секој момент низ сите можни медиуми за комуникација што ги користи човекот "протекува" енормен број сигнали кои претставуваат информации. Се пронаоѓаат посовремени начини, при што се стреми да се добие што поголем квалитет и брзина на преносот за, се разбира што помала цена. Како поквалитетни и поперспективни може да се сметаат светловодите.


Електроника

Микрофонскиот предзасилувач чија електрична шема е прикажана на сликата е многу едноставен за правење и остава големи можности за експериментирање со цел да се прилагоди на следниот засилувачки степен и да се добие квалитетен звук.
Ако го направите со елементи чии вредности се дадени во шемата и карактеристиките на предзасилувачот не ги задоволуваат вашите потреби, дотерувањето по ваш вкус ќе можете да го сторите со менување на вредностите на речиси сите елементи.


Уводник

За помалку од еден месец ЕМИТЕР е повторно пред Вас. За овие десетина дена примивме повеќе телефонски повици од цела Македонија со изрази на задоволство што најпосле постои списание наменето исклучиво за љубителите на електрониката. Меѓутоа времето поминато од излегувањето на првиот број до предавањето во печат на овој број беше премногу кратко за да би можеле да имаме некој поцелосен увид во вашите реакции за ова списание.


Омнибус

SONY - дизајн до 3D звук;
Универзален аудиосистем за автомобили;
GEA 300;
Дигитализација во библиотеките;
Handycam video HI8 CCD TR 750;
MD - вокмен;
Audio technica;
Spirit добива на тежина;
Квалитет за "малку пари" - Targa;
Повеќеслојна "Multilayer" плочка;
Нова серија Philips;
Осумбитен ADC од серијата на TDA