Рубрика: Електроника
Проект: Алармна централа ELV-2
Автор: Владимир Ристовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Потребата за заштита на нашите простории за живеење и работа од насилно влегување на неканети гости ја воведува потребата за воведување на заштитни системи. Нашето долгогодишно искуство за изработка и монтажа на разни заштитни системи ни дава за право да ви понудиме доста едноставна концепција со релативно малку елементи, а едновремено сигурна и со професионални перформанси. Цената од околу 1000 денари за комплетен уред го прави уште по привлечен за сите хобисти.

Алармната централа ги содржи следните можности:
- Влез 1 (влезна линија со доцнење). Овој влез е предвиден за приклучување на сензорите за првата заштитена зона во која активирањето на алармот настанува 20 секунди по активирање на сензорот. Тоа време е предвидено за да може сопственикот да дојде до алармната централа и да ја исклучи.
- Влез 2 (директна линија). Овој влез е предвиден за приклучување на останатите сензори кои ако бидат активирани веднаш ќе биде активирана и алармната централа.
- Линија за вклучување и исклучување со продолжено време за излегување. При вклучување на алармната централа сопственикот има време од 20 секунди за да ја напушти заштитената зона (станот).
На сликата е прикажан надворешниот изглед на алармната централа ELV-2. На кутијата има три светлечки диоди. Крајната лево покажува алармен статус (црвена). Средната покажува статус на влезот со продолжено време (жолта), а десната покажува исправеност на мрежното напојување (зелена). Во мирна состојба кај ELV-2 свети само зелената светлосна диода.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.