Рубрика: Уводник
Учествувајте во креирањето на ЕМИТЕР
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За помалку од еден месец ЕМИТЕР е повторно пред Вас. За овие десетина дена примивме повеќе телефонски повици од цела Македонија со изрази на задоволство што најпосле постои списание наменето исклучиво за љубителите на електрониката. Меѓутоа времето поминато од излегувањето на првиот број до предавањето во печат на овој број беше премногу кратко за да би можеле да имаме некој поцелосен увид во вашите реакции за ова списание. Затоа, уште еднаш ве повикуваме – учествувајте во креирањето на ЕМИТЕР. Нека не ви биде тешко да ни се јавите или, уште подобро, да ни напишете писмо во кое подетално ќе го изнесете своето мислење, своите критики и предлози. Награда за Вашиот труд ќе биде – поквалитетен ЕМИТЕР.

А еве, што би можеле да издвоиме од содржината на овој број.
За почеток тоа е вториот дел од написот "Од катодна цевка до..." во кој Игор Николовски ви ги претставува најновите технологии кај дисплеите и мониторите кои би требало да ја заменат старата катодна цевка.
За конструкторите, покрај неколкуте апликации, во овој број понудуваме два проекта. Слободан Таневски во вториот дел од проектот "Тон генератор TGE 01 и TGE 02" го опишува неговото склопување, тестирање, подесување и вградување во кутијата.
Упатствата се детални така да успешна реализација на овој проект нема да биде проблем и за помалку искусните електроничари. Неколку страници понатаму, Владимир Ристовски ја продолжува својата серија за алармни – овој пат со проектот за алармната централа ELV-2 која можете да ја искористите за заштита на својот стан, деловен простор или автомобил.
Аудио техниката е застапена со неколку написи. Во написот "Касетофон против грамафон" Страшо Блажевски ја коментира битката помеѓу овие два аналогни рекордери. За оние кои сметаат дека апсолутен победник во оваа битка е касетофонот, овој текст ги нуди вистинските одговори. Одговор на прашањето "Зашто автоматски миксер" ви дава Бојан Угриновски во својот приказ на автоматскиот микрофонски миксер Shure. Оние кои се занимаваат со професионална аудио техника неминовно треба да го прочитаат овој текст. За крај го издвојуваме текстот во кој нашиот соработник Александар Илијевски ги изложува своите сознанија од тестот на три звучни кутии од повисоката класа.
Се надеваме дека содржината на овој број ќе ги задоволи вашите интереси.

Главен уредник
С. Таневски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.