Емитер 2/1995.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во 1935 година се појави магнетофонот кој звукот го снимаше на магнетна лента и по својот изглед и операции воопшто не се разликуваше од денешниот. Потоа беа потребни околу триесет години за да се преместат магнетните ленти во кутии (касети), да се смали нивниот облик и да се поедностави ракувањето со уредот. Со тоа се доби добро познатиот касетофон.
Со појавата на касетите и касетофоните се добија голем број предности во однос на магнетофонот, но бидејќи две добра не одат заедно, новите предности донесоа и некои нови недостатоци.
Принципот на магнетното снимање не е изменет уште од 1889 година, меѓутоа настанаа многу промени во насока на подобрувањето на квалитетот на снимениот звук и верноста на неговата репродукција.
Квалитетот на снимениот и репродуцираниот звук зависат од следниве фактори:
Брзина и ширина на лентата, квалитетот на лентата, квалитетот на магнетната глава, налегнувањето на лентата на главата, струјата на предмагнетизација, нечистотиите на лентата и главата, истрошеноста на лентата и главата, влажноста на лентата и др.
За да се постигне солидна репродукција, кај магнетните ленти кај касетофоните треба да се внимава на сите горе кажани карактеристики, додека кај магнетофоните нема потреба да се изработи магнетна лента со голема густина на честиците, нивни мали димензии и мазна површина на лентата бидејќи сите овие недостатоци се надоместуваат со голема брзина на лентата, големата ширина на лентата и магнетната глава. Исто така вреди да се напомне и дека кај касетофоните е можно снимање и бришење од трипати до петпати, а притоа да не се изгуби квалитетот на снимениот сигнал додека кај магнетофоните тоа е можно да се прави од петпати до дваесетпати, а кај професионалните и до стопати.
За да илустрираме што се доби, а што се изгуби со појавата на касетофоните, а што беше добро и што недоставуваше кај магнетофоните, во понатамошниот текст ќе опишеме и практично ќе тестираме по еден претставник од двете групи - Nakamichi 670 ZX и Aria M2407 S.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.