Рубрика: Аудио и видеотехника
Од катодна цевка до... (втор дел)
Автор: Игор Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Првата неконвенционална технологија на дисплеи која е употребена кај комерцијалните ТВ приемници беше проекторот со течни кристали (LCD-liquid cristal display). Како кај конвенционалните ТВ приемници кои користат три електронски топа за генерирање на трите електронски млаза на црвена, зелена и сина боја, LCD проекторите користат плочи со илјадници мали магнетно-светлосни вентили кои се отвараат и затвараат под дејство на електрични сигнали генерирани на матрица на транзистори. Sharp како фирма која е синоним за LCD проекторите веќе го има развиено и првиот HDTV приемник кој ја користи таа технологија. Прототипот за првпат виден пред неколку години го користи јапонскиот аналоген HDTV систем, кој веќе не е толку актуелен како дигиталниот американски стандард.

LCD проекторите како и LCD дисплеите со рамен екран имаат одредени недостатоци, односно тешко е да се произведат LCD панели со добар контраст. Развојот на секоја нова и пософистицирана технологија чини многу пари, а за да се вратат тие пари, цените на производите треба да се доста повисоки. Така на пример, ТВ приемникот на Sharp XV-H35U ($4.565) има 112.320 точки на екранот, но ако користејќи пософистицирана технологија го зголемиме бројот на точки барем за трипати, на пример 308.880, како кај Sharp XV-S80U, цената ќе се зголеми за околу четирипати ($18.595).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.