Рубрика: Аудио и видеотехника
Од катодна цевка до ... (прв дел)
Автор: Игор Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денеска во изборот на наследникот на катодната цевка се вклучени голем број на фирми од Европа, Јапонија и Америка. Повеќето од нив се здружени во конзорцијум за производство и развој предводени од пентагоновата агенција за развој (Advanced Projects Research Agency). Во прашање не е само развојот на конвенционални ТВ-приемници туку и дисплеји за компјутерите, камкордерите, виртуелната реалност и за други апликации за кои можеме само да сонуваме.

Се поголема побарувачка на комерцијалниот пазар по ТВ-приемници со се поголеми и поголеми екрани условува и развој на истите. Но, произведувачите се наоѓаат пред дилемата дали и понатаму да се користи најпопуларната технологија за изработка на екрани половина век старата катодна цевка. Ако решите да купите некој од конвенционалните телевизиски приемници со голем екран во кои е вградена катодна цевка имајќи ги предвид димензиите и тежината на катодните цевки, сигурно би се јавил проблемот како да го внесете низ вратата од дневната соба, а постои опасност и еден ден да го најдете пропаднат кај комшиите под вас. Денеска технолошкиот развој е на толку високо ниво па лесно може да се најде наследник на катодната цевка. Но, дали тоа ќе биде проекторот со течни кристали кој засега има најголеми шанси или пак нешто поегзотично како на пример гас-плазма дисплејот во кој секоја точка е поврзана со мала туба од гас која се пали и гаси со помош на електрични сигнали. А можеби наследникот ќе биде дисплеј со емитирачко поле (Field-Emiter-Display) кој има многу микроскопски катодни цевки насочени на поедини точки на екранот. Дали можеби точките на идните ТВ-екрани ќе бидат минијатурни ласери или пак милони мали огледалца кои ќе ја пренасочуваат светлината од еден извор до сите точки на екранот – останува да се види. Сигурно ќе постојат различни екрани за различни намени: големи екрани со широко видно поле (wide screen) за следење на спортските настани и филмови, и дисплеји со висока резолуција за обработка на текст и компјутерски игри, или можеби мали монитори прикачени за домашен телефон на кои ќе можете да го листате телефонскиот именик. Во секој случај екраните за комерцијалната телевизија треба да бидат најголеми со доволна ширина да го покријат целото видно поле на човекот, да ја доловат вистинската имагинација и да го отстранат сомнежот во тоа што се гледа. Посебно филмовите како најгледан сегмент од програмата имаат поголем емоционален ефект кога се следат на големи екрани.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.