Емитер 2/1995.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Замислете дека имате неколку видео камери, секоја насочена од различен агол кон ист предмет. Сега преклопете ги сликите од секоја камера во една. Сликата што ќе се добие е нефокусирана и развлечена, размачкана.
Повеќе отворени микрофони го даваат истиот разурнувачки ефект врз аудио сигналот, а за тоа постојат две решенија.
Првото, за кое ќе признаете е доста непопуларно, е да одредите по еден оператор за секој микрофонски канал кој ќе го регулира нивото на својот канал. Но, и да е ова можно, тешко е да се замисли дека некој може да ја добие трката со непредвидливите услови кај програмите во живо кои вклучуваат повеќе учесници во разговор.
Второрто, далеку подобро решение е автоматскиот портабл-миксер на Shure FP410 зад кој стои новиот патентиран пронајдок на Shure, IntelliMix.
Новиот концепт на компанијата Shure, IntelliMix кој е вграден во FP410 – како што велат, ги надминува стандардите поставени од постоечките портабл-миксери кои се на пазарот. За него велат дека е доволно да го наместите (да му средите нивоата), да го префрлите на автоматска работа и FP410 останатото го прави сам. Оттаму и произлегува рекламниот слоган за новиот производ на Shure кој гласи: "Set It And Forget It."
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.