Како што веќе пишувавме, за денес напладне е закажана промоцијата на лимитираната едиција на звучници, кои Теохаров Аудио ги креираше во соработка со гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски. Овој врвен македонски производ својата светска премиера ја доживува во рамките на хрватскиот фестивал Too Loud Fest 2021, најголемиот музичко-визуелен настан во Хрватска. Преносот од настанот е закажан за 12 и 30 а а може да го проследите тука, на нашиот веб портал.
Нашите читатели веројатно се сеќаваат дека соработката помеѓу Теохаров и Стефановски беше најавена во јуни оваа година на настанот кој беше организиран во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје. Дуото требаше да реализира изработка на лимитирана едиција од 15 звучници со сите High-End карактеристики на брендот Теохаров, која визуелно и концепциски ќе биде реализирана по идеја на Влатко, со “боја” на звукот според неговите преференции. Неполни четири месеци подоцна и производот е подготвен за промоција.