Најпрво парната машина, електричната енергија, па информатичката револуција беа револуционерните откритија кои ни го олеснаа секојдневниот живот. Сте се запрашале кое е следното големо откритие, откритие што ќе ги надмине своите претходници? Според многу научници тоа е нанотехнологијата. Таа претставува хибрид од биологија, хемија и применета физика, а се занимава со истражувања и развој на технологијата на скалата од 1 до 100 nm, а во некои случаи и под 1 nm.