Рубрика: Енергетика
Безжичен пренос на енергија - сензационално откритие!?
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали се работи за навистина сензационално откритие?

Минатиот месец печатените и електронските медиуми беа преплавени од сензационалистички наслови од типот на: "Новиот Никола Тесла", "Прв успешен безжичен пренос на енергија" и слично. Веста се однесуваше на хрватскиот научник проф. д-р Марин Сољачиќ, кој демонстрираше безжичен пренос на енергија од 60 W на далечина од 2 метра. Дали овој настан навистина ја оправдува настанатата хистерија?

Марин Сољачиќ е роден во 1974 година во Загреб, Хрватска, а по завршувањето на гимназијата заминува во САД и се запишува на најпознатиот технички факултет во светот - MIT (Massachusets Institute of Technology). Пред да дипломира, публикува научен труд заедно со Алан Гат (!!!) од областа на инфлаторната космологија. Дипломира на MIT во две (!) области - физика и електротехника. Потоа заминува за Хаифа, Израел, каде на факултетот Technion магистрира на тема од оптиката. На крај, се враќа во САД каде на универзитетот Princeton докторира од областа на нелинеарната оптика. Во 2000 година се вработува на MIT, а од 2005 година добива наставно звање assistant професор.

Проф. д-р Марин Сољачиќ и неговиот тим

Оваа биографија сама по себе е доволно импресивна, но кога на тоа ќе се додадат неговите 68 научни трудови (главно од областа на оптиката), објавени во најпрестижните светски научни пубкликации, станува јасно дека станува збор за вонсериски научник. Но, сепак, мислам дека споредбата со големиот Никола Тесла е малку претерана.

На 7 јуни 2007 година, он-лајн верзијата на познатата светска научна публикација Science објави дека тимот од MIT предводен од проф. д-р Марин Сољачиќ успеал да направи безжичен пренос на енергија, запалувајќи светилка од 60 W на далечина од 2 метра.

Ако оваа фотографија со запалена светилка ви изгледа позната од некаде, во право сте. Пред околу 100 години Никола Тесла е фотографиран со запалена светилка во рака (неприклучена на ништо), во близина на неговиот огромен трансформатор. Никола Тесла безуспешно се обидувал да постигне безжичен пренос на енергија на голема далечина. Како тоа му успеало на Сољачиќ?  Па, всушност - и не му успеало! Системот на Сољачиќ работи успешно работи само на мали растојанија - неколку метри. Поточно кажано, тоа се средни растојанија во однос на големината на антената (растојанија од рангот на неколу должини на димензијата на антената). Во пракса, системот може да работи само во соба (неколку метри), а не надвор од нејзините ѕидови.

Дали проф. д-р Марин Сољачиќ направил сензационално откритие? Не би можел потполно да се сложам со таквата формулација..

Клучни зборови:
Дали се работи за навистина сензационално откритие?

Дали се работи за навистина сензационално откритие?

Проф. д-р Марин Сољачиќ и неговиот тим

Проф. д-р Марин Сољачиќ и неговиот тим

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.