Искористувањето на сончевата енергија е многу успешно и прилично компетитивно, но веќе се бараат начини како нејзината примена да стане уште поевтина, уште подостапна и уште поконкурента, порача професор д-р Абрахим Крибус од Универзитетот Тел Авив на стручното предавање пред студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Предавањето се одржа во рамките на Студентската конференција за енергетска ефиканост и одржлив развој, каде Крибус одржа предавање насловено како “Соларна енергија – предизвици и можности“. Предавањето го организираше изралеската амбасада, а на предавањето присуствуваше и Амбасадорот на Израел во Република Македонија, Н.Е. Дан Ориан.
“Главен предизвик во користење на сончевата енергија е наоѓање решенија за оптимизација на ефикасноста во однос на цената на чинење. Затоа, применуваме нанотехнологии за добивање сончевите ќелии, нови иновативни пристапи за складирање на енергијата, хибридни системи за генерирање електричната енергија и друго“, рече Крибус.
Професор Крибус е #SwissEP претприемач кој работи со помошни организации и стартапи во Македонија. ЕИР Европа е иницијатива на Швајцарската програма за претприемништво, финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact во конзорциум со Ј.Е.Астин.
Крибус а активен професор на Универзитетот Тел Авив, на Факултетот за инженерство, оддел за механичко инженерство, има 8 патенти и е автор на 260 научни трудови. Тој говореше и за нови алтернативни и обновливи начини за создавање енергија.