Рубрика: Електроника
Посилен "електронски" теслин трансформатор
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Корона околу Теслиниот трансформатор

Во ЕМИТЕР 3/06 и ЕМИТЕР 4/06 објавивме написи за самоградба на две верзии на мини Теслин трансформатор. Во врска со тоа, од нашите читатели добивавме барања да објавиме "помоќна" верзија на Теслино трафо. Излегувајќи им во пресрет, овде ќе покажеме како со неколку мали модификации на моделот "Електронски Теслин трансформатор", објавен во ЕМИТЕР 4/06, може да се постигне приближно тројно зголемување на неговиот ефект.

Принципот на работа на електронскиот Теслин трансформатор е опширно објаснет во горе наведениот број на ЕМИТЕР, па овде нема да навлегуваме во повторно објаснување, туку ќе ги опишеме само модификациите на истиот, за досег до поголем ефект. Измените ги вклучуваат  мрежниот трансформатор, капацитетот на кондензаторот Cp, примарната намотка, нацртот на ППК, прекинувачкиот таранзистор и искричарот.  Сите други објаснувања ќе ги најдете во наведениот напис во ЕМИТЕР 4/06.

Во затемнета просторија се забележува дека ефектот на трафото е приближно тројно зголемен, така што освен подолги електрични празнења на антената, се јавуваат и дополнителни празнења и облаци од јонизиран воздух на горниот и средниот дел од секундарната намотка, што дава ефекти кои повеќе се приближуваат кон оригиналниот Теслин трансформатор, отколку што тоа беше случај со моделот објавен во ЕМИТЕР 4/06. Напоменуваме дека сите тие електрични празнења се безопасни по живот, бидејќи се работи за високофреквентни струи (т.н. скин ефект), но вардете се од допир до искричарот, бидејќи тука постои висок напон со  ниска фреквенција, што претставува опасност по живот. Ви пожелуваме многу успех во конструкцијата.

Главни елементи и материјали:

Печатена плочка: ППК113

ИК: 7812, NE555

Транзистор:  BDX87C

кондензатори: 22nF/2kV

автомобилска бобина

 
Клучни зборови:
Корона околу Теслиниот трансформатор

Корона околу Теслиниот трансформатор

Корона околу Теслиниот трансформатор

Корона околу Теслиниот трансформатор

Овој Теслин трансформатор фрла “молњи“ на растојание од десеттина сантиметри

Овој Теслин трансформатор фрла “молњи“ на растојание од десеттина сантиметри

Овој Теслин трансформатор фрла “молњи“ на растојание од десеттина сантиметри

Овој Теслин трансформатор фрла “молњи“ на растојание од десеттина сантиметри

Овој Теслин трансформатор безжично пали неонка на поголеми растојанија

Овој Теслин трансформатор безжично пали неонка на поголеми растојанија

Петар Лагудин, авторот на статиите со својот изработен Теслин трансформатор

Петар Лагудин, авторот на статиите со својот изработен Теслин трансформатор


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.