Рубрика: Математика
Решавање на Судоку
Автор: Анета Илиевска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во ЕМИТЕР 2/07 пишувавме за настанокот на денес популарната енигматска игра "Судоку", како и за научната анализа на таа игра. Како што ветивме, во овој напис ќе разоткриеме неколку методи за решавање на Судоку табелите. Човекот и компјутерите користат различни методи за решавања на истите, при што човекот е подобар решавач. За сето ова читајте во текстот што следува.

КОМПЈУТЕРСКИТЕ ПРОГРАМИ И СУДОКУ

Математичарите и информатичарите уживаат во размислувањето за тоа што компјутерот може и не може да направи кога се судрува со решавањето и генерирањето на Судоку игрите. За стандарден Судоку (9х9) е релативно лесно да се напише компјутерски програм, којшто ги решава сите валидни почетни табели. Програмите за решавање можат да применат неколку методи, но најчестата е “повторното трагање”, т.е реверзибилното пребарување (backtracking), систематска форма на обид и грешка во којашто се предлагаат парцијални-делумни решенија.  Тие решенија, потоа, благо се модифицираат веднаш штом ќе се покаже дека се неточни.

СТРАТЕГИИ РАЗВИЕНИ ОД СТРАНА НА ЧОВЕКОТ

Симпатизерите, коишто уживаат во решавањето на Судоку загатките рачно, може да избираат меѓу многуте тактики, но постојат два основни пристапи коишто се нудат како пристојни почетни точки – откривање на најограничените празни полиња и препознавање каде може да се најде некоја дадена вредност, во определена колона, редица или поттабела.

Секако, можете да пронајдете и свои сопствени методи и да ги испробате многуте пристапи опишани на веб-страниците.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.